(ФОТО) И денеска блокада на Скопје од стотици приватни автобуси
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2022 09:14
Фото: Фактор
Еден од главните булевари, кој води кон зградата на владата,и денеска е делумно блокиран од приватните превозници. Автобусите беа паркирани и пред градското собрание и канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска на која поревозниците се најмногу гневни..

Денешната делумна блокада е одговор и на чекорот на Град Скопје за прекинување на договорот со дел од приватните превозници поради, како што се тврди, неисполнување на дел од обврските од договорот.

Од Градот велат дека не прифаќаат да преговараат под притисоци и најавија дека од оваа недела ќе биде објавен нов јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници, како обид за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми.

Додека траат обвинувањата на релација приватни превозници – Град Скопје за тоа кој е виновен, трпат граѓаните кои подолг период немаат соодветен јавен превоз.



Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




