03 Мај, 2024
0.0230

Фото: Домот на Чарлс Дикенс отворен за јавноста

Објавено во: Стил 11 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Некогашниот дом на писателот Чарлс Дикенс во Лондон е отворен за јавноста по осуммесечната реставрација вредна 3,1 милиони фунти (пет милиони долари).

Дикенс живеел во улицата Доти во централниот дел на Лондон со своето семејство меѓу 1837 и 1839 година и тука го напишал Оливер Твист и „Николас Никлби“.

Четирикатната куќа од цигла е реставрирана за помалку да личи на музеј, а повеќе им пружала на посетителите атмосфера на викторијански Лондон, изјави директорот на музејот Флоријан Швицер.

- Сакавме од неа повторно да направиме дом за да посетителите имаат впечаток дека доаѓаат во посета на Чарлс Дикенс, рече тој.

Музејот е отворен во 1925 година и е единствена останата куќа во Лондон во која живеел писателот.