03 Мај, 2024
0.0248

ФОТО: „Дом Керет“ е најтесната зграда на светот!

Објавено во: Стил 22 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Двокатница наменета за странски уметници, кои Варшава ги кани на гости, официјално стана најтесната зграда во светот. Во својот најтесен дел зградата е широка само 92 сантиметри, а нејзиниот автор Јакуб Шчежни ја замислил како уметничка инсталација сместена во простор широк меѓу 92 и 152 сантиметри, кој се наоѓа меѓу две згради во центарот на Варшава, објави миа.

Зградата се наоѓа во близина на местото каде во времето на Втората светска војна и нацистичката окупација на Варшава стоеше дрвен мост, кој ги спојуваше двата дела на некогашното варшавски еврјско гето.

Таа се состои од еден мал стан, работна соба, кујна и купатило, спална соба на вториот кат, а името „Дом Керет“ го доби по својот прв станар - израелскиот писател Едгар Керет, кој потекнува од полските евреи кои го преживеаа холокаустот.