(ФОТО) Аја Софија стана џамија - Ердоган ја посети
Објавено во: Балкан 20 Јули, 2020
Аја Софија стана џамија, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера го посети објектот.
Фотографиите од Аја Софија тој ги сподели на својот Инстаграм профил.
На 24 јули Аја Софија во Истанбул ќе биде отворена за молитви после 86 години.
Државниот совет минатата недела донесе одлука во корист на групата што бараше да се поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година да ја претворат Аја Софија во музеј, бидејќи се сомневале во автентичноста на потписот на основачот на современа Турција Мустафа Кемал Ататурк на тој документ.Потпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, наведува дека христијанските мозаици ќе бидат прекриени со завеси во тек на молитвата.
Тој во интервјуу за НТВ изјави дека некои мозаици на Богородица и архангел Гаврил, кои се наоѓаат во правецот кон кој се свртени муслиманите во тек на молитвата, ќе бидат покриени со завеси.
Мнозинството Грци изразија незадоволство од меѓународниот одговор затоа што Аја Софија е претворена во џамија.