03 Мај, 2024
0.0250

ФОРБС:Кои се најплатените телевизиски актери?

Објавено во: Стил 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Минатата година Чарли Шин беше највисоко платениот телевизиски актер со 40 милиони долари приходи, според класификацијата на списанието Форбс. Годинава  Шин воопшто не влеза на листата, а актерот кој го зазеде неговото место во ТВ хитот „Два и пол мажи", го зазема и првото место. Според Форбс, Ештон Качер заработил 24 милиони долари во периодот мај 2011 - мај 2012 година, а серијата привлекува просечно по 12.4 милиони гледачи што ја прави една од најгледаните во САД. Еве и кои телевизиски актери се најдоа највисоко на листата на Форбс: Второто место го заземаат ѕвездите на серијата „Хаус" , Хју Лори и Реј Романо, кои последнава година заработиле по 18 милиони долари. Романо учествуваше и во нов ситком, но тој беше прекинат поради слаба гледаност. Затоа и поголем дел од приходите годинава му дојдоа од емитувањето на старите епизоди на „Сите го сакаат Рејмонд". Понатаму на листата следат Алек Болдвин и Мајк Хармон со по 15 милиони долари. Зад нив се наоѓа Тим Ален со приход од 14 милиони долари , па Џон Краер кој за  периодот мај 2011 - мај 2012 година заработил 13 милиони долари. Учеството на Патрик Демпси во „Вовед во анатомија" му носи 12 милиони долари за минатата година. Ѕвездите од „Теоријата за големата експлозија" Џим Парс и Џони Галеки освоиле по 8 милиони долари исто како и Џејсон Сигл од „Како се сретнав со мајка ви".