14 Декември, 2025
0.1445

Фон дер Лајен ја најави првата транша до крајот на годината, Македонија очекува помош од 52,5 милиони евра

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2024 18:34

Добивај вести на Viber

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека земјите од Западен Балкан треба да ја добијат првата транша од финансиската помош за Планот за раст до крајот на годината.

„Пет од шесте реформски агенди ќе бидат усвоени оваа недела и тоа значи дека исплатата на шест милијарди евра од Планот за раст може да започне пред крајот на годината“, изјави таа во Берлин.

Реформските агенди на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан – објави на мрежата „Х’“ унгарското претседателство со ЕУ.

Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.

До крајот на октомври, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе допатува на неколкудневна турнеја низ земјите од Западен Балкан, а според најавите шефицата на ЕК планира да ја посети и Северна Македонија, потврдија од Делегацијата на ЕУ во Скопје на 10 октомври.


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји