„Фолксваген“ ја соопшти одлуката: Македонија и Србија отпаднаа
Објавено во: Економија 25 Јуни, 2019 10:47
Менаџментот на „Фолксваген“ ги дисквалификува Србија и Македонија, а наскоро ќе одлучи меѓу Турција или Бугарија, за инвестиција од околу 2 милијарди евра.Во конкуренција за инвестицијата на германскиот гигант беа Србија, Турција, Бугарија, Романија и Македонија.
"Фолксваген" ги именуваше Турција и Бугарија како двајца финалисти за локацијата на новата фабрика за автомобили. На почетокот на годината, VW објави дека ќе произведува електрични возила во своите погони во Германија и ќе размисли за менување на производството на одредени модели со конвенционални мотори во фабрика која ќе биде основана некаде во Источна Европа.
Првично, листата на потенцијални домаќини на компанијата вклучуваше пет земји, но компанијата оттогаш го намали изборот до Турција и Бугарија.
Во текот на изминатите три месеци, официјални лица од германскиот производител на автомобили ги посетуваат и одржуваат разговори во двете земји-кандидати. Германскиот Frankfurter Allgemeine Zeitung извести дека Херберт Диес, претседател на одборот на директори на VW, минатата недела престојуваше во посета на Турција, на разговори околу инфраструктурните прашања на една постројка што производителот на автомобили може да ја воспостави во западниот дел на Маниса.
Извештајот, исто така, сугерираше дека Диес најверојатно имал разговори со владини претставници во главниот град Анкара. Според извори, VW може да објави конечна одлука во корист на Турција во рок од две недели. Покрај тоа, во планираната фабрика во Турција, производството на Seat Ateca, Skoda Karoq и други модели е на агендата на компанијата.
Извори, исто така, сугерираат дека планираната фабрика во Маниса ќе има годишен производствен капацитет од 300.000 возила, додека весникот од Германија ја стави големината на инвестицијата од 2 милијарди евра.
Последен пат Турција виде големи инвестиции во автомобилската индустрија во 1997 година од страна на Тојота и Хонда. Во изминатите 22 години, ниту една друга компанија не инвестирала во земјата.
Ако VW произведува модели со висока додадена вредност како што се Passat и Suberb, тоа ќе биде важен чекор напред за Турција.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




