13 Мај, 2024
0.0170

Фјури го излажа цел свет за да покаже какви се медиумите

Објавено во: Спорт 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури продолжи со чудното однесување на социјалните мрежи. 

Откако претходно денеска објави на профилот на Twitter дека прекинува со кариерата, следуваше ново соопштение во кое оваа информација беше демантирана. 

„Ха, ха, мислите дека ќе се ослободите од мене толку лесно !!! Овде сум и ќе останам. Најголемиот штотуку ви покажа што претставуваат медиумите“, напиша светскиот шампион. Пред една недела EСПН соопшти дека Британецот дал позитивна мостра за употреба на кокаин.

Фјури бил фатен со супстанцијата во крвта при ненадејна допинг проверка на 22 септември и токму поради тоа следниот ден го одложи реваншот со Владимир Кличко, поради „здравствени причини“.