09 Октомври, 2024
0.0279

Фирма што набавувала јаглен за АД ЕСМ доби грант од Фондот за иновации

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

„Куантум Солушнс“ како старт-ап добил неповратен грант од 40.000 евра, или поточно 2.456.500 денари, од Фондот за иновации и технолошки развој, објавено е во годинешниот објавен избор на добитници.

Фирмата која како новоформирана минатата година наплати 6,3 милиони евра за 100.000 тони увезен јаглен од Грција за потребите на РЕК Битола во енергетската криза, сега се најде на списокот меѓу 53 старт-ап и спин-оф добитници на неповратни грантови од ФИТР.

АД ЕСМ лани пред летото го затвори тендерот за увозен јаглен и постигна три договори за 550.000 тони јаглен за сума од приближно 32 милиони евра. Подоцна се испостави дека две од тие три фирми - Куантум Солушнс и Енергија Икс имаат ист газда во сопственичката структура - Аљибер Ибраими од Тетово

Куантум Солушнс е регистрирана на 31 март 2022, а од тогаш заедно со Енергија Икс направија неколку промени во сопственичката структура. Претежната дејност на „Куантум Солушнс“ е трговија на големо со горива, но од Фондот за иновации и технолошки развој ќе добие пари за проект за „интегрирани и дигитализирани консултантски услуги“.

„Основната цел на проектот е обезбедување на напредни, интегрирани и дигитализирани консултантски услуги, овозможување непречена транзиција од традиционален кон електронски начин на работење, со што ќе се унапреди и трансформира работењето на компаниите. Обезбедените услуги ќе вклучуваат управување со финансиите, советување на стратегии, технолошки советодавни услуги, консалтинг за маркетинг и брендирање“, стои во описот на проектот за кој оваа фирма ќе добие 40.000 евра.

Не е прв пат ФИТР да дава пари на фирми кои имаат друга основна дејност, а кога е потребно се пријавуваат и како иноватори. Изминатото лето се испостави дека на минатогодишниот јавен конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка „кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ две фирми на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, добиле заеднички околу 82.000 евра. Лани беше обелоденето дека Пиксел Груп, компанија за соларни панели која ја води кумот на премиерот Димитар Ковачевски, добила четири исплати од Фондот за иновации кои датираат од почетокот на септември 2020-та година до јули 2021 година, со вкупна вредност од 4.324.363 денари или 70.314 евра.

На вкупно 54 старт-ап и спин-оф новоосновани фирми по околу 40.000 евра во просек им се одобрени неповратни грантови од Фондот за иновации и технолошки развој на годишниот повик. Главно се апликации во областа на екологијата, онлајн платформи за букирање во рурални сместувачки капацитети за домашни и странски туристи, персонален советник за сајбер безбедност, софтверски решенија за образованието и за сметководственото работење на компаниите, како и за оптимизирање на нивните веб-страници. Има и апликации за споделување на заеднички информации помеѓу станари, софтвери за справување со спам пораки, за социјалните мрежи, за подобрување на примарното здравство, за рангирање на балканските универзитети и професори, за станиците за електрично полнење на возилата, е-трговија, онлајн обуки, за заеднички патувања на еден трошок, за организирање на свадби, полесно наоѓање работници и друго.

„Норд Сторм Адванс Пауер Солушнс“ измислил мобилна хидроцентрала за брзи водотеци - иновација која има потенцијал да биде имплементирана во македонскиот електросистем и со тоа да ја намали зависноста од увозна електрична енергија. Грантот од ФИТР изнесува  2.199.114 денари. „ТПИ Солушнс“ со помош од 2.460.600 денари треба да понуди решение за чистење и поефикасно работење на соларните централи. „Миндсет“ ќе добие 2.093.550 денари за проект за софтверски ситем кој ќе препознава регистарски таблички на возилата од слика, а за „Орадора“ се издвоени околу 1,5 милиони за производство на персонализирани часовници. 

На списокот има старт-ап платформи за разни креации, подобрување на ефикасноста во загревањето на домот, 3D печатење, 3D igri, алатки за зачувување на старите дијалекти и обичаи. Така на пример „Про Солушнс“ за грант од  2.438.780 треба да развие платформа со алатки за тоа како полесно да се дојде до финансии од програмите на  Европската Унија.

„Сајтиро“ ќе добие 2.336.658 денари за симулатор за виртуелен тренинг за заварувачи, а „Генитор“ ќе добие 2.451.536 денари за робот „Микеланџело“ за автоматско бојадисување на ѕидови и тавани. Има и такви кои сакаат да произведуваат еколошки анатомски перници и систем за природно прочистување на воздухгот на основа на микроалги, како и такви за рециклирање на гума и алтернативни извори на храна, изолација на ѕидни панели итн. Има и за модулни куќи и ЦНЦ машина за обработување на најразлични материјали. чанти кои ќе може да се рециклираат итн.

Старт-ап ќе биде исплатен со 2.328.000 од ФИТР затоа што измислил софтверско решение што ќе им кажува на сопствениците на вендинг кафематите кога е при крај кафето што се продава, или кога апаратот е расипан, за да не дојде до незадоволство кај клиентите кои најчесто се улични минувачи.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?