14 Декември, 2025
0.0347

Финансиска полиција „го тресе“ поранешното раководство на Прилепска болница

Објавено во: Македонија 15 Април, 2025 13:15

Добивај вести на Viber

Неофицијално, поранешното раководство на Прилепската болница е на тапет кај Управата за финансиска полиција и на Основното јавно обвинителство Прилеп. Повеќе детали се очекуваат во следниот период.

Финансиската полиција од утрово вршат претреси на повеќе локации во градот поради сомнежи за финансиски злоупотреби на Прилепската болница, потврдија од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази, потврдија од ОЈО.

Минатата есен две недели полицијата работеше на проверка на сета документација, а новото раководство објави дека биле наводно пронајдени фиктивни фактури за услуги.

- Морам со големо жалење да констатирам дека наследивме огромен долг. Обврските што ги има болницата, по разни основи, изнесуваат речиси 193 милиони денари. Има доста фиктивни фактури, а во одредени случаи се плаќало авансно. Затекнавме и големи суми за ресторански услуги, а на пример, една иста фирма фактурирала високи суми на фиктивни фактури за услуги, како поправка на ѕидови, на машини за перење, за чистење клима уреди, косење трева, дезинфекција на подови, до едукација на медицински сестри, а ниту една медицинска сестра не е запозната со таа едукација. Тековните обврски не се подмирувале и сме наталожени со долгови. Се вршеле и фиктивни транспорти на име - службено патување, рече тогаш в.д. директорот Кире Јоноски.

Прилепската болница нуди здравствени услуги на преку 100.000 жители од регионот. 


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија