14 Декември, 2025
0.4352

ФИЛИПЧЕ СО ПЛАН: Еве како ќе привлекува нови кадри во партијата

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024 06:20

Добивај вести на Viber

Кандидатот за претседател на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче вчера оствари средби со сопартијците од Општинските организации на Ѓорче Петров и Карпош. На средбите, Филипче истакна дека СДСМ ќе биде партија отворена за сите стари и нови членови кои ќе придонесат за добро на партијата и државата. тОЈ потенцираше дека ако биде избран за претседател ќе развие модел за привлекување на квалитетни кадри, независни експерти кои ќе донесат свежина во СДСМ.

„Често слушам дека се потребни нови луѓе во партијата, но и дека сите треба да си одат и дојдат целосно нови. Ова е многу исклучувачка политика која ги генерализира проблемите во партијата. Со овој став се етикетира и исклучува огромно мнозинство на луѓе кои дале придонес во минатото. Јас сметам дека секако нови луѓе се потребни. Ако бидам избран за претседател ќе развијам модел на привлекување квалитетни кадри, на млади и независни експерти кои ќе донесат свежина“-рече Филипче.

Тој истакна дека СДСМ е партија со голема историја околу која гравитирале врни интелектуалци и големи социјалдемократи, партијата не смее да ги заборави и треба да ги вклучи во процесите.

„СДСМ е партија со голема историја. Во изминатите 30 години во и околу СДСМ гравитирале врвни професионалци, социјадемократи и интелектуалци кои никако не смееме да ги отпишеме. Во услови кога има се помалку луѓе кои сакаат да се вклучуваат во политиката, треба да се искористи целиот човечки потенцијал кој го има партијата. СДСМ треба да се отвори за членови на минати раководства, за секој кој искрено сака и може да помогне да ја подигнеме на нозе и да ги промовираме вредностите на социјалдемократијата“- рече д-р Филипче на средбата со сопартијците од скопските општини.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено