ФИЛИПЧЕ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: Нашите мисли се со целиот српски народ
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024 19:38
Лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа што се случи денеска во Нови Сад, Република Србија.
„Со голема тага ја примив веста за страшната несреќа во Нови Сад која остави зад себе загубени животи. Во овие моменти на болка нашите мисли се со семејствата кои ги изгубија своите сакани и со целиот српски народ“, напиша Филипче.
Во Нови Сад денеска се откорна натстрешница на Железничка станица при што загинаа 14 луѓе според најновите податоци. Граѓаните на Нови Сад даваат крв за повредените. Од час во час, бројот на загинати расте.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




