20 Декември, 2025
0.1326

Филип Темелковски ќе прави фотонапонски централи во Македонија

Објавено во: Економија 20 Април, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Доскорешниот градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, влегува во бизнисот со електрична енергија. Заедно со компанијата Смарт Енерџи Груп од Софија ќе им нуди на македонските претпријатија изградба на соларни централи за сопствено производство на струја.

Компанијата „Смарт Солар“ е основана на 13 април а Темелковски е еден од двајцата сопственици заедно со Смарт Енерџи Груп со седиште во Кисела Вода. Темелковски е назначен за управител со одредени ограничувања. Бугарскиот партнер се декларира како една од водечките компании во Европа во енергетскиот сектор за обновливи извори на енергија.

- Во моментов ги средуваме и преведуваме актите, а со работа треба да започнеме по завршувањето на празниците. Партнерот од Бугарија е еминентен во својата земја и она што го работи го прави со гаранција. Нашата компанија ќе произведува фотонапонски панели и ќе проектира соларни централи за компании кои сакаат да произведуваат електрична енергија за себе, ни изјави Темелковски.

Тој вели дека планот е амбициозен и дека за услугите ќе се бара повисок буџет, како и дека за овој тип на дејност не е потребна лиценца. Вели дека и понатаму ќе остане активен во политиката, но дека повеќе време ќе се посвети на бизнисот.

- Јас сум член на СДСМ, но ќе делувам во позадина. Не може да се каже дека ќе бидам помеѓу фронтмените, вели тој.

Темелковски е син на поранешниот пратеник и бизнисмен Зоре Темелковски. На минатогодишните локални избори загуби од Орце Ѓпрѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.во обидот да го освои вториот мандат.

Во последно време голем број на поранешни политичари директоно и индиректно се вклучуваат во секторот со електрична енергија, кој во моментов е во „зелена транзиција“ и се бараат стратешки инвестиции.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба