ФИЦО: Се извинувам што преживеав, но се вратив
Објавено во: Свет 09 Јули, 2024
Се извинувам што преживеав, вели словачкиот премиер Роберт Фицо.
Тој се врати на работа, неполни два месеца откако беше ранет со четири куршуми во обид за атентат. Поетот Јурај Цитула на 15 мај го застрела 59-годишниот Роберт Фицо од непосредна близина. Напаѓачот беше веднаш уапсен и обвинет за тероризам.
„Почитувани прогресивни медиуми и опозиција, се извинувам што преживеав, но се вратив“, изјави Фицо.
Откако тој ја презеде функцијата премиер минатата есен, Словачка одби да продолжи да дава помош за Украина. Човекот кој пукаше во Фицо кажа дека не се сложувал со политиката на премиерот.
foto EPA