06 Мај, 2024
0.0230

„ФЕРШПЕД“ ПРЕСВРТ: за шест месеци врати 100 милиони денари кредити и профит од 500.000 евра!

Објавено во: Економија 23 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Краткорочните обврски по кредити и позајмици „Фершпед“ ги намалил за 90 милиони денари, а долгорочните кредити за 18,1 милиони денари. Остварил добивка што надминува половина милион евра и сето тоа во услови кога неговите приходи од продажби се намалени за 145,6 милиони денари во однос на првата половина од минатата година „Фершпед“ за шест месеци успеал да врати повеќе од 100 милиони денари кредити и позајмици, и во услови на пад на приходите од продажба за во заврши првото полугодие од годинава со добивка што надминува половина милион евра, покажуваат официјалните податоци од неконсолидираниот биланс што го објави компанијата. Споредбата на билансите на состојба на шпедицијата „Фершпед“ од крајот на 2015 година и од крајот на јуни 2016 година покажуваат дека компанијата успеала да ги намали своиите обврски за краткорочни кредити и позајмици да ги намали за 90,7 милиони денари (околу 1,5 милиони евра) до ниво од 60,1 милиони денари. Кај долгорочните обврски исто така има намалување на обврските по долгорочни кредити и позајмици, но во значително помал обем кој изнесува 18,1 милиони денари и салдото на крајот на јуни е 336,6 милиони денари. Мора да се напомене дека „Фершпед“ , кога се споредува крајот на 2015 година со крајот на јуни 2016 година, успеал да ги намали и своите обврски спрема добавувачите за 13,3 милиони денари до износ од 295,9 милиони денари. Споредбата пак на обврските на крајот на јуни годинава со истиот период лани покажува дека „Фершпед“ успеал да ги намали сите обврски за 19 отсто до износ од 935 милиони денари. Лани на крајот на јуни тие биле поголеми за 223,8 милиони денари. Многу е значајно тоа што, како што напишавме, „Фершпед“ успеал овој резултат да го оствари во услови кога бележи пад на приходите од продажба. Тие за првата половина од годинава изнесуваат 1,35 милијарди денари и се за 10 отсто или 145 милиони денари пониски од истиот период лани. Наспроти нив намалени се и оперативните расходи на компанијата за 9 отсто односно за 128,8 милиони денари и изнесуваат 1,353 милијарди денари. Најзначајно намалување на трошокот „Фершпед“ успеал да реализира кај најголемата расходна ставка – услугите со карактер на нематеријални трошоци. Тие се намалени за 25 отсто односно за 301,9 милиони денари или за 5 милиони евра. Сепак благодарејќи на ставката останати оперативни приходи „Фершпед“ успеал да го заврши полугодието со оперативна добивка која надминува 500.000 евра односно изнесува 32,9 милиони денари. Значајно растоварување на обврските кај „Фершпед“ се гледа и кај ставката која означува финансиски расходи од камати и курсни разлики. Таму се гледа дека во првата половина од годинава компанијата за таа намена издвоила 12,36 милиони денари, а во истиот период лани за тоа платила 21,9 милиони денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот