„Фершпед“ ги продаде брендовите на „Сковин“ за 5.100 евра
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2019 07:00
Недвижниот и подвижниот имот како и залихите на „Сковин“ се продадени за 3,95 милиони евра на скопската фирма „ВинаријаСковин Група“ ДООЕЛ чиј сопственик е скопската компанија Балкан Холдингс ПТЕ ЛТД
„Фершпед“ ќе инкасира 3,4 милиони евра за недвижниот и подвижниот имот, залихите и за трговските марки на винаријата „Сковин“, ова е дел од одлуката што ја донесе најголемиот акционер на скопската винарија, а е објавена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.
Трговските марки на „Сковин“ се продадени на сингапурската фирма SIAK PTE LTD за вкупно 5.100 евра. Станува збор за повеќе од 20 бренда на вина и жесток алкохол кои сега ги произведува „Сковин“. Винските колекции кои ги произведува „Сковин“ се групирани во шлашираните групи :„Сан сити“, „Класик“, Фајнест селекшн“, „Барик“, „Премиум“, во пакувања од станиол „Бег ин бокс“, пенливо вино, литарски флаширани вина од литар од програмата „Бејзик лајн“ и литариполските „Магнум лајн“. Во трговските марки се и ракиите: „Марков манастир“ и „Жолта“.
Другиот имот на „Сковин“ (недвижен и движен имот) и залихи е продаден за 3,395 милиони евра на скопската компанија „ВинаријаСковин Група“ ДООЕЛ од Скопје. Таа купи згради, објекти, градежно изградено земјиште, опрема, основни средства и инвентар како и возила и механизација. Продавачот и негов најголем акционер дава право на купувачот да заснова заложно право врз продадениот имот за издавање банкарска гаранција во корист на „Сковин“ која ќе биде на износ од 1,95 милиони евра како обезбедување на плаќањата од купувачот, по завршената купопродажба, да стане заложен должник.
Новиот сопственик на имотот на „Сковин“ е скопската фирма „ВинаријаСковин Група“. Таа фирма е сопственост на скопска компанија Балкан Холдингс ПТЕ Л.Т.Д, а нејзин управител е лицето Звонко Пејчиќ. Од достапните податоци се гледа дека ова друштво е регистрирано без уплата односно венсување на влог , согласно со ЗТД. Седиштето на фирмата е во скопската општина Карпош, а нејзината дејност е производство на вино од грозје.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




