Фатмир Бесими: Се зголемува данокот за егзотичната храна
Објавено во: Економија 01 Декември, 2022 14:59
Фатмир Бесими, министерот за финансии, на денешната прес-конференција по владината седница соопшти дека како дел од даночната реформа што ќе следува следниот пеирод со законски измени ќе се укине повластената даночна стапка од 5 отсто за ДДВ на егзотичната храна.
Како што најави министерот, ни самиот не бил свесен дека во повластената стапка нема само производи како шеќер, брашно и ориз, туку има и луксузни производи како „морски кучиња и морски мачки“.
„Најавено е укинување на повластената даночна стапка за неколку категории кои порано имале одредена цел за одреден временски период, но сега се создаваат дисторзии. Се работи за стеснување на листата на луксузни прехрамбени производи. Видовме што се има внатре за 5 отсто, за ајкулски перки, месо од делфин, кит, тартуфи, егзотични производи, морски кучиња и морски мачки“, набројуваше Бесими.
Според министерот, ако граѓаните за оваа храна може да платат многу повисоки сметки од обичната, тогаш може да платат и поголем данок.
„Ако можепш да платиш за акулски перки од атлантски океан, може да платиш и поголем данок. Така е и за хималајската сол и маслиново масло со додатоци. Ако можат да платат три пати поголема цена од обичното масло, тогаш наместо 5 отсто, да платат 10 проценти“, додаде Бесими.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




