19 Април, 2024
0.0267

ФАНТАСТИЧЕН ГЛАС, ИЗВАЈАНИ НОЗЕ, НО И ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ СО СОПРУГОТ АЈК - светот се сеќава на рокенрол дамата Тина Тарнер

Објавено во: Стил 24 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

„Тина Тарнер, „Кралицата на рокенролот“, почина мирно денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Светот загуби музичка легенда и пример“, напиша нејзиниот портпарол во соопштението до јавноста.

Како Ана Меј Булок стана Тина Тарнер?

Тина Тарнер е родена на 26 ноември 1939 година во Натбуш, Тенеси како Ана Меј Булок во семејство каде нејзината мајка работела во фабрика, а нејзиниот татко бил баптистички министер. По разводот на нејзините родители, Ана се преселила во Св. Луис каде што посетувала летна гимназија. Во познатиот клуб Империал го запознала ар-ен-би музичарот Ајк Тарнер, по што изразила желба да пее со него.

На почетокот Ајк беше доста скептичен за нивната соработка, но со текот на времето сфати дека нема за што да се грижи и дека ова е навистина вистински талент. Заедно, Ајк и Тина снимија голем број хитови како што се: A Fool in love, It s Gonna Work Out Fine, Honky Tonk Woman и Proud Mary.

Покрај деловната соработка, тие решија да се венчаат во 1962 година во Мексико.

Сепак, бракот траел до средината на 70-тите, кога почнал да се распаѓа поради зависноста од дрога и лошата психичка состојба на Ајк. По разводот во 1974 година, Тина го издаде својот прв независен албум, по што започна нејзината независна кариера.

Враќањето на сцената го сними во 1983 година со кавер на песната Lets Stay Together, која стана хит низ цела Европа, а се што следеше потоа е само историја. Тука треба да се спомене Приватен танчер и улогата во филмот Mad Max 3.

Доби место во Рокенрол Куќата на славните

Ајк и Тина Тарнер беа примени во Рокенрол Куќата на славните во 1991 година. Фил Спектор ја прими наградата во нивно име. Истата година го издаде компилацискиот албум Simply the Best, кој ги содржеше повеќето хитови од враќањето на Тина на сцената. Насловната песна на филмот за Џејмс Бонд Златно око е снимена во 1995 година. Автори на песната се Боно и The Edge од U2. Таа песна беше на нејзиниот следен студиски албум, Wildest Dreams, објавен во 1996 година.

Заедно со италијанскиот пејач Ерос Рамацоти, таа во 1997 година го издаде дуетот Cose Della Vita - Can't Stop Thinking of You, за кој ги напиша и стиховите на англиски јазик. Песната беше голем европски хит. Заедно со Елтон Џон и Шер во 1999 година, таа ги изведе своите хитови од 80-тите години на ТВ шоуто VH1.

Таа го издаде својот деветти студиски албум Wildest Dreams во 1999 година, а следната година ја започна турнејата Twenty Four Seven, една од најуспешните во нејзината кариера. Заедно со Фил Колинс, ја сними песната Great Spirits во 2003 година за цртаниот филм Legend of the Bear.

На 68-годишна возраст, на 10 февруари 2008 година, таа настапи заедно со Бијонсе Ноулс на 50-годишнината на Греми наградите, нејзиниот прв голем настап по турнејата 24/7. По повод 50-годишнината од нејзината работа, на 30 септември 2008 година, таа ја започна турнејата наречена Tina!: 50th Anniversary Tour. По успехот во САД, на 14.01.2009 година започнува со настапи во Европа. Турнејата беше придружена со албумот Tina!: 50th Anniversary Tour.

Таа имаше фантастичен глас и впечатливо тело, со извајани нозе, кои ги задржа долго и покрај нејзината поодмината возраст.

Индекс.хр

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган