14 Декември, 2025
0.0476

НЕДОСТИГА ДОКУМЕНТАЦИЈА, НЕ Е СПРОВЕДЕН ПОПИС, НЕ ФУНКЦИОНИРА СИСТЕМОТ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА: ревизорите утврдија бројни недостатоци во Основниот суд Гостивар

Објавено во: Македонија 30 Април, 2025 11:31

Добивај вести на Viber

Отсуство на документација со која ќе се потврди правото на сопственост или користење на недвижниот имот – објектот во кој е сместен судот. Не е спроведен попис, има систем за електронската евиденција на работно време и на прекувремената работа но истиот поради неисправност не се користи. Не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени/незавршени, со цел преземање на понатамошни мерки за истите. Нема евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истит. Не е извршен надзор над севкупното материјално и финансиско работење на судот со средствата за депозитите...

Ова се дел од главните забелешки и нерегуларности кои ги утврдија ревизорите при спроведувањето на Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Основниот суд Гостивар од Државниот завод за ревизија.

- Констатирано е отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0,8 отсто од БДП на Буџетот на Република Северна Македонија, односно одобрените средства претставуваат 0,3 проценти од БДП, во модулот за пресметка на плата на судската полиција зголемувањето на платата не е вклучено во основната компонента врз основа на која се врши пресметка на минат труд, а надоместоците за прекувремена и ноќна работа иако не треба, влегуваат во основицата за пресметка на додатокот за работно искуство - се вели во Извештајот. 

Државниот завод за ревизија констатирал и различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, што, смета, предизвикува дилеми и неможност за постапување, како и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити и има  неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.

Констатирано е отсуство на документација со која ќе се потврди правото на сопственост или користење на недвижниот имот – објектот во кој е сместен судот, пописот не e спроведен согласно законската регулатива, дека поставен е систем за електронската евиденција на работно време и на прекувремената работа, но, истиот поради неисправност не се користи, како и дека не е склучен договор помеѓу институциите за процентуалното учество во трошоците од заедничкото користење на зградата.

- Активности за вршење на попис на судските депозити не се преземени, не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени/незавршени, со цел преземање на понатамошни мерки за истите, невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите, не е извршен надзор над севкупното материјално и финансиско работење на судот, со средствата за депозитите и депозит за гориво за службено возило е предвиден во ценовник на судот, но без наведен законскиот основ за истиот - констатира Државниот завод за ревизија

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина