04 Декември, 2023
0.0370

ФАКТОР ОТКРИВА: Што да се очекува од спојувањето на Комерцијална и Стопанска Битола - ЌЕ БИДЕ ЕДНА НАВИСТИНА ГОЛЕМА БАНКА

Објавено во: Финансии 27 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Тоа ќе биде една навистина голема банка, чија актива сериозно ќе се доближи до три милијарди евра.

Работата е далеку од завршена и допрва претстојат сите потребни длабински анализи и пресметки, но две банки вчера преку Македонската берза објавија една прилично сериозна информација, а таа е дека ја разгледуваат можноста за присоединување. Или, практично, Стопанска банка Битола да се присоедини кон Комерцијална банка, најголемата банкарска институција во земјава.

Двете банки до Берзата пратија идентична информација и речиси во исто време, а таа е дека се разгледува можноста за присоединување, но дека сериозната работа допрва претстои.

„Комерцијална банка ја известува јавноста дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка, поради што ќе биде остварен контакт со раководството на Стопанска банка Битола за првична размена на информации.Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за присоединување и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за присоединување во иднина. Вистинската длабинска анализа ќе биде спроведена после усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки на нивните собранија во 2024 година.Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална намера за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка Скопје“, се вели во објавата од Комерцијална банка, која беше речиси идентична со онаа од Стопанска банка Битола.

Иако е факт дека присоединувањето е далеку од готова работа, интересно би било да ги објавиме податоците за тоа колку во моментоив тежат активите на двете банки, а за тоа ги користиме податоците објавени од Народна банка на Македонија, кои се однесуваат на периодот заклучно со крајот на јуни оваа година.

Имено, Комерцијална банка и во моментов е најголема банка во земјава, а нејзината актива на крајот на првото полугодие од годинава достигнала 2,54 милијарди евра. денари.

Додека, пак, Стопанска банка Битола е од рангот на средните банки во земјава, и нејзината актива на крајот на јуни годинава изнесуваше близу 200 милиони евра, или прецизно 198,5 милиони евра, говорат податоците на централната банка.

Тоа би значело дека ако настане спојувањето, математиките говорат дека активата на новата банка би тежела 2,735 милијарди евра, иако оставаме простор дека не сме сосема прецизни и дека конечниот збор околу активата ќе се знае откако би дошло до спојувањето.

Според сознанијата на Фактор, а како што и официјално потврдуваат двете банки, вистинскиот длабински скен ќе се прави откако банките ќе ги усвојат своите завршни сметки за оваа година, а тоа е кон крајот на март или почетокот на април наредната година.

„Тогаш ќе бидат ангажирани и ревизорски друштва, кои ќе ги направат сите потребни анализи и ќе ги завршат сите потребни процедури кои се неопходни при еден ваков сериозен чекор. Практично, тогаш ќе следува големата работа“, велат упатени извори за Фактор од Комерцијална банка, кои не негираат дека намерите во овој момент изгледаат навистина сериозни.

А, можеби во прилог на тоа говореше и фактот што на прославата на 75 годишнината од постоењето на Стопанска банка Битола, која се одржа минатата недела и на која присуствуваа видни луѓе од деловниот и политичкиот свет во земјава, беа забележани и високи претставници од Комерцијална банка.  

Каков модел на присоединување би бил одбран засега е рано да се прогнозира, но, како што велат нашите извори, можни се две опции.

Првата опција е да се изврши замена на акциите на Стопанска банка Битола, односно да се издадат нови акции во сооднос на присоединетата банка.

Додека, пак, втората алтернатива е да бидат отплатени постојните акционери на Стопанска банка Битола.

„Во секој случај, тоа би значело дека на пазарот би продолжила да функционира само една банка, односно Комерцијална“, објаснува нашиот извор.

Дознаваме дека идеи за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка постоеле уште во 2006 година, кога намерата била кон Комерцијална, заедно со Стопанска Битола, да се присоедини и тогашната Охридска банка, што тогаш би создало една навистина голема домашна банка. Но, тогаш таквите идеи не се реализирале.

Инаку, нашите сознанија говорат дека Стопанска банка Битола има капитал и резерви од околу 30 милиони евра.

Како што е познато, пред неколку години имаше едно големо банкарско спојување, кога тогашната Охридска банка се присоедини кон Шпаркасе банка. Тоа ја создаде четвртата најголема банка во земјава, која сега во овој момент има актива од 1,43 милијарди евра.

Покрај Комерцијална банка која е најголема, и Шпаркасе, во големата банкарска петорка влегуваат и Стопанска банка Скопје, со актива од 2,1 милијарди евра, како и НЛБ Банка, чија актива изнесува на крајот на јуни 1,81 милијарди евра.

Во моментов во земјава бројот на банки е 13, кој би се намалил на 12 доколку дојде до спојувањето.

Меѓународните финансиски институции од поодамна укажуваа дека за граѓаните и фирмите во земјава е подобро да постојат неколку силни банки, наместо повеќе помали, кои сериозно би си конкурирале меѓу себе и би нуделе поповолни услови за корисниците.

Комерцијална банка е главно домашно поседувана банка, а акционер кој има над 5 отсто од акциите е Ванчо Чифлиганец, кој располага со 14,99 отсто од акцииите.

Според податоците, исто така од Централниот депозитар за хартии од вреедност, во Стопанска Банка Битола акционер кој има над 5 отсто е компанијата „Пелистерка“, со 16,99 отсто од капиталот.

Нина Нинеска-Фиданоска 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ ИМАТЕ ЕВТИНА ТАРИФА: Чекајте да се појави оваа ознака на броилото

ЕВЕ КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ ИМАТЕ ЕВТИНА ТАРИФА: Чекајте да се појави оваа ознака на броилото

ГЕРМАНЕЦ ГАЗДА НЕ ТИ ДАВА НИ ПОТТА ДА СИ ЈА ИЗБРИШЕШ: Исповед на гастарбајтер од Германија, вели „рмбал“ шест месеци и тие му биле најтешки

ГЕРМАНЕЦ ГАЗДА НЕ ТИ ДАВА НИ ПОТТА ДА СИ ЈА ИЗБРИШЕШ: Исповед на гастарбајтер од Германија, вели „рмбал“ шест месеци и тие му биле најтешки

ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ДОБИ НОВ ЧЕТИРИГОДИШЕН МАНДАТ - и натаму ќе биде член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ДОБИ НОВ ЧЕТИРИГОДИШЕН МАНДАТ - и натаму ќе биде член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

„CREDIT SUISSE“ ИМА ЛИСТА НА ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ МИЛИОНЕРИ: Македонија ја нема, а еве кои балкански земји имаат богашати

„CREDIT SUISSE“ ИМА ЛИСТА НА ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ МИЛИОНЕРИ: Македонија ја нема, а еве кои балкански земји имаат богашати

НЕКОЈ ПОВТОРНО КУПУВА АКЦИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - кај кого заврши малиот пакет од половина процент за 67 илјади евра

НЕКОЈ ПОВТОРНО КУПУВА АКЦИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - кај кого заврши малиот пакет од половина процент за 67 илјади евра

САМИТОТ НА „ОБСЕ“ ГО НАЛУТИ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: Кој ќе ни надомести за неработниот ден?

САМИТОТ НА „ОБСЕ“ ГО НАЛУТИ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: Кој ќе ни надомести за неработниот ден?

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ОД 1.500 ДО 3.000 ДЕНАРИ ПЛУС - Дел од антикризните мерки насочени и кон најстарите жители

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ОД 1.500 ДО 3.000 ДЕНАРИ ПЛУС - Дел од антикризните мерки насочени и кон најстарите жители

НА 16 ГОДИНИ СТАНА САМ СВОЈ ГАЗДА: Овој тинејџер е овчар, има 150 овци и не планира да смени професија

НА 16 ГОДИНИ СТАНА САМ СВОЈ ГАЗДА: Овој тинејџер е овчар, има 150 овци и не планира да смени професија

СЕРИОЗНА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин тешко дека може да најде излез- Шолц предизвика големи проблеми

СЕРИОЗНА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин тешко дека може да најде излез- Шолц предизвика големи проблеми