27 Јули, 2024
0.1032

ФАКТОР НАПРАВИ ГРУБА ПРЕСМЕТКА: Еве колку ќе чини моралното менување документи заради Преспанскиот договор со новите поскапувања!

Објавено во: Финансии 26 Март, 2023

Добивај вести на Viber

До февруари 2024 година, граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите личните документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција, Република Северна Македонија.

Па така, првичните износи, пред МВР да направи покачување на цените, беа околу максимум четири илјади денари.

Сега, новото решение за цени на МВР, со кое се покачуваат цените на вадењето лични документи, заради зголемени набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот и набавка на нови машини, практично значи дополнителен товар на и онака кревките буџети на граѓаните.

Фактор направи пресметка за тоа, колку ќе ги чини граѓаните договорот од Преспа и паралела на досегашните и новите цени.

До февруари 2024 година, еден граѓанин до 27 години ќе треба да плати: 310 денари за лична карта, 410 денари за возачка (ако има положено), и за пасош 1.500 денари. Ако лицето има и возило на свое име, тогаш ќе треба да доплати плус 1250 за нови таблички и 250 денари за нова сообраќајна дозвола. Значи ќе треба да плати вкупно 3.720 денари.

Ако е над 27 години, тој износ се менува, затоа што износот за пасош поскапува. Па така, лицето од 28 години нагоре, ќе треба да плати 4.220 денари.

Ако е во брак, со само едно возило, тој износ ќе биде поголем и ќе изнесува 6.940 денари.

Ако е во брак и има едно дете, тогаш износот расте за плус околу 1500 денари (во зависност од возраста на детето, варира и цената на административната такса) заради вадењето пасош. Бројката расте за околу 1500 денари со секое дополнително дете.

Па така, просечно семејство со две деца, ќе треба да плати 9.940 денари. Ако ова семејство има две возила, тогаш ќе треба да плати 11.440 денари.

Во овие пресметки ги нема вкалкулирано износите за итни постапки.

Еве кои беа претходните цени:

Замена на лична карта – 190 денари. . Возачка дозвола во редовна постапка (280 денари за образецот, 110 денари административна такса) – вкупно 390 денари. Возачка дозвола во редовна постапка, кога дозволата не е важечка (280 денари за образецот, 170 денари административна такса) – вкупно 450 денари. Возачка дозвола во итна постапка (840 денари за образецот, 110 денари административна такса) – вкупно 950. Сообраќајна дозвола (200 денари за образецот, 110 денари административна такса) – вкупно 250 денари. Регистарски таблички за моторно возило (1.200 денари за образецот, 50 денари административна такса) – вкупно 1.250 денари. Пасош за деца до четири години (1.500 денари за образецот, 100 денари административна такса) – вкупно 1.600 денари. По итна постапка (4.500 денари за образецот, 100 денари административна такса) – вкупно 4.600 денари. Пасош за лица од четири до 18 години (1.500 денари за образецот, 200 денари административна такса) – вкупно 1.700 денари. По итна постапка (4.500 денари за образецот, 200 денари административна такса) – вкупно 4.700 денари. Пасош за лица од 18 до 27 години (1.500 денари за образецот, 200 денари административна такса) – вкупно 1700 денари. По итна постапка (4.500 денари за образецот, 200 денари административна такса) – вкупно 4.700 денари. Пасош за лица над 27 години (1.500 денари за образецот, 300 денари административна такса) – вкупно 1.800 денари.По итна постапка (4.500 денари за образецот, 300 денари административна такса) – вкупно 4.800 денари

Еве кои се новите цени:

За лична карта граѓаните ќе мораат да платат 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Возачката дозвола ќе чини 410 денари, што е поскапо за 130 денари. Цената на пасош за лице до 27 години останува 1500 денари, но за лице над 27 години ќе изнесува 2000 денари.

Овие цени се дел од новото решение за цени на Министерството за внатрешни работи. Ќе има промени и во цените по итна постапка. Пасошот по итна постапка ќе чини 6.100 денари, што е зголемување за 1.600 денари, додека пак за возачка дозвола ќе се наплаќа 1.230 денари, што е зголемување за 390 денари.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот значи спроведување на колективните договори и сите други обврски, од 2025 може да размислуваме за развоен буџет

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот значи спроведување на колективните договори и сите други обврски, од 2025 може да размислуваме за развоен буџет

КОЈ ИЗБРОЈА ТОПТАН 72 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 100 АКЦИИ - силниот профит го вивна интересот за акциите на НЛБ Банка

КОЈ ИЗБРОЈА ТОПТАН 72 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 100 АКЦИИ - силниот профит го вивна интересот за акциите на НЛБ Банка

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра