ФАКТОР НА ДЕНОТ: Апелација ги зголеми казните на дел од обвинетите за aвтобуската несреќа кај Ласкарци
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2025 21:51
АПЕЛАЦИЈА ГИ ЗГОЛЕМИ КАЗНИТЕ НА ДЕЛ ОД ОБВИНЕТИТЕ ЗА ЛАСКАРЦИ
Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје.
На начин што им ги зголеми казните затвор на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули од четири на десет години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари од шест на десет години, и од пет на по седум години казна затвор на двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски.
Казните на третиот вработен во станицата за технички преглед Јане Боваровски и на возачот на автобусот, Маноил Трифуновски остануваат исти, пет и 14 годни казна затвор.РЕВИЗОРИТЕ УТВРДИЈА ДЕКА СОВРЕМЕНА ОПРЕМА НЕ СЕ КОРИСТИ ОТИ НЕМА СТРУЧЕН КАДАР
Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, утврдија ревизорите во последниот извештај.
Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на ниво на целата држава.ВО ВАТИКАН Е ИЗБРАН НОВ ПАПА
На верниците им се обрати новиот Папа, Роберт Франциск Превост, кој го избрал името Лав XIV.
Тој е избран во четвртиот круг од конклавата.
„Драги браќа и сестри, ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос, добриот пастир кој го даде својот живот за Бога, и би сакал овој поздрав на мирот да влезе во нашите срца и во срцата на сите луѓе низ целиот свет“, рече тој.
Потоа им се заблагодари на кардиналите кои го избраа.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




