19 Декември, 2025
0.1306

ФАКТОР ДОЗНАВА: Најголемата бугарска компанија за онлајн игри на среќа влегува во Македонија

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2023 09:50

Добивај вести на Viber

Најголемата бугарска компанија за онлајн обложување Телематик Интерактив Бугарија влегува со бизнис одлука во Македонија.

Акционерското друштво за приредување игри на среќа, како што дознава „Фактор“, влегува на македонскиот пазар преку преземање на удели од веќе постоечка фирма во нашата земја.

Станува збор за компанија чие собрание на акционери летото донесе одлука за распределба на дивиденда од остварената добивка од 11,55 милиони евра за 2022 година.

За Телематик Интерактив Бугарија АД, како што е објавено на нивниот веб-сајт, пишува дека е носител на лиценцата на една од најголемите платформи за казино игри и спортски облози во Бугарија - Palms Bet и е сопственик на провајдерот на содржини за игри CT Interactive.

Откако лани се трансформира во акционерско друштво, пазарната капитализација на операторот надминала 100 милиони евра, што го рангираше меѓу 20-те најголеми друштва на бугарската берза. Истата година акцијата на компанијата која оперира под марката Palms Bet беше една од најтргуваните на берзата.

Sazka Group со седиште во Чешка, водечки европски бизнис за коцкање, ја основа оваа подружница на бугарскиот пазар во 2012 година. Услугите за игри на компанијата се достапни и онлајн и преку мобилни уреди. Како што пишувале бугарските медиуми, се нуди широк спектар на услуги за коцкање, како што се онлајн спортски коефициенти, обложување во живо, казино игри и други онлајн содржини за обложување.

Во годишниот финансиски извештај на компанијата се наведува дека нејзините лански приходи се зголемиле за 32 отсто и достигнале повеќе од 50 милиони евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии