ФАКТОР АНАЛИЗА: Во Охрид се прават милиони од градежништво и продажба на станови
Објавено во: Економија 06 Јуни, 2024 08:25
Леарницата за обоени метали ЛТХ Леарница, е компанијата од Охрид со најголема добивка за минатата година од овој град. Овој бизнис од Словенија соработува со останатите странски инвеститори во земјата кои работат за автомобилската индустрија.
По ЛТХ Леарница, на второто место во „македонскиот бисер“ е АСП-ПАК за производство на пластична амбалажа. Компанијата е во сопственост на Петар Спасески, а пред неколку години со Владата потпиша договор за државна помош за инвестициски циклус за пет години во вредност од над пет милиони евра.
Високата цена по метар квадратен на новоизградените станови во Охрид не е случајна. На трето место е „Трим“, која наедно е една од најуспешните компании за изградба на станови по остварена добивка за минатата година на ниво на Македонија. Сопствениците сепак се стружани - Бурбуќе Ќира Хетеми и Менди Ќура. Ова друштво има 31 вработен и во своите инвестиции се потпира на банкарски кредити со финансиски обврски од 9,5 милиони евра.
Четврт е Топлина Подмолје за специјализирани градежни работи. Компанијата на бизнисменот Ќирче Митрески има 95 вработени и позната е по тоа што има активно учество во јавните набавки, како што е добиениот тендер лани за ископ на јаловината во РЕК Битола. Оваа фирма, слично како и „Трим“ се потпира на банкарски кредити и должи 9,5 милиони евра, а има и недвижен имот кој го издава. Во Топ-5 е и „Костал“ за напредни системи од автомобилската индустрија со кого успешно менаџира поранешниот вицепремиер Виктор Мизо.
Понатаму следува уште една компанија за изградба на станови - Еуро-Билдинг 2012 на Ардиан Хасани. Овој градежен инвеститор е особено активен во последните години. Добивката е десеткратно поголема, а приходите неколкукратно повисоки во однос на една година претходно. Фирмата „Отпад“ од Косел се занимава со демонтирање на крш, а сопственик е Никола Џуклески.
Илинден Инжинеринг се занимава со изградба на патишта и автопати, а сопственички се три стружанки - Климентина Мартиноска, Ирена Трајкоска и Кристина Трајкоска Костеска. Интересно е тоа што тие се и во одборот на струшкото акционерско друштво за нискоградба „Илинден“ кое оствари неверојатен профит од 7,8 милиони евра во 2023.
Последните две претпријатија од Топ-10 се чешкиот ИЦС Системи познат во Македонија по тоа што инсталира паметно и штедливо јавно осветлување за општините, како и Нефи ИК, градежна компанија на поранешниот советник од општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини. Овој контроверзен бизнисмен со уште една фирма, овој пат за експлоатација на чакал - Нефи & А Инвест е меѓу компаниите со најголеми добивки во рударскиот сектор на ниво на Македонија за минатата година. A.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра
Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува
Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати





