24 Октомври, 2024
0.1511

ФАКТОР АНАЛИЗА: Во Македонија се прават милиони од експлозиви

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Во Македонија се прават приходи и добивки во милиони евра од продажба и производство на индустриски експлозив, најчесто потребен за проширување на рудници и пробивање на траси, како и од пиротехника.

„Фактор“ ги селектираше најдобрите пет компании заедно со нивните резултати постигнати во минатата година.

На првото место со најголема добивка е „Мактек“ од Скопје. Компанијата на 38 вработени и складиште во Кучевиште, Чучер-Сандево. Сопственик е Алексиос Зисиос, а иако приоритетна дејност на друштвото е производство, всушност увезува и тргува индустриски експлозив. Приходот во 2023  бележи двоен раст, а добивката е зголемена за дури 382 отсто.

Втор е „Ицемак“ со фабрика во Сопиште за производство на пиротехника. Има 29 вработени, а од неодамна и дозвола од Министерството за економија за промет со воени стоки. Компанијата на Дончо и Јордан Анчовски има раст на приходот од 217 отсто и зголемување на добивката од 166 проценти за една година.

Во средината на Топ-5 е Детонит Радовиш, кој е единствен што произведува индустриски експлозив. Компанијата во сопственост на Трајал Корпорација од Крушевац забелеќува одлични резултати во последните две години, а особено во 2023.

Четвртата позиција според остварениот профит му припаѓа на акционерското друштво „Караорман“ предводен од главниот член на Управниот одбор, Гордана Константакос. Сепак треба да се каже дека ова друштво покрај со промет на експлозиви, се бави и со изнајмување на магацински простор и царински услуги.

Последен од петорката е Нобелекс Скопје во сопственост на Камчо Весков, за која малку се знае во јавноста, освен тоа што врши и минерски работи.                         А.К.


Извор: Централен Регистар


Можеби ќе ве интересира

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари