14 Декември, 2025
0.0490

„Фактор анализа“: ТОП 40 – најголеми градежни компании!

Објавено во: Економија 30 Мај, 2023 10:21

Добивај вести на Viber

Македонија била и останува да биде земја со значаен број градежни компании кои придонесуваат пристојно во националната економија. Структурално има промени затоа што од четирите градежни мастодонти од социјализмот сега има само еден кој е најголем во нашето градежништво. А местото на другите го заземаа мноштво помали приватни иницијативи кои низ изминативе години станаа респектабилни градежни компании од средна големина 

Македонија лани имала 100 приватни градежни компании и секоја од нив направила приход од најмалку 3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци за 2022 година достапни во базата на Централниот депозитар. Анализата на достапните јавни податоци укажува на неколку факти за структурата и распределеноста на македонската градежна оператива и пропратните градежни дејности.

Прво, Македонија останува земја во чија економија значаен импулс дава домашната градежна оператива.

Второ, економската транзиција „угаси“ три од четирите градежни џинови („Маврово“, „Бетон“ и „Пелагонија“) но и понатаму последниот од нив скопски  „Гранит“ е убедливо најголема македонска градежна оператива.

Трето, Македонија создава бројни претприемачи, а дваесетина меѓу нив создале низ годините респектабилни и големи градежни фирми.

Четврто, најзастапени во структурата на градежни фирми се тие што градат колективно домување односно станбени згради. Затоа што оваа градежна дејност е конјуктурна подолго време благодарејќи на издашната поддршка од деловните банки кои финансираат и кај инвеститорите во станови, но и на страната на побарувачката кај купувачите на станови.

Петто, градежништвото е веројатно единствената економска дејност во Македонија во која не доминира Скопје и скопските фирми. Верувале или не, од десетте најголеми градежни компании во Македонија само три се од Скопје, а една од нив е „Гранит“ кој не се занимава во изградба на станови. Така што најголема и со висока репутација скопска градежна компанија е „Голден Арт“.

Шесто, а од макроекономски аспект и најважно е тоа што македонската градежна оператива и нејзините сродни дејности лани генерираа приход поголем од 620 милиони евра.

Еве ги најголемите 40 македонски градежни компании кои лани заедно генерирале приход од 570 милиони евра:

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година