Фактор“ анализа: Најпрофитабилни 30 македонски компании! Дали се ова најпосакувани компании за работа?
Објавено во: Економија 15 Август, 2022 07:36
Најуспешните 30 компании лани оствариле добивка поголема од 635 милиони евра и во државниот буџет само по основ на данок на добивка уплатиле барем 60 милиони евра! Меѓу најуспешните 30 компании има по: 3 рудници, 3 челичарници, 3 болници и 4 банки. Најбројни меѓу најуспешните се компаниите за производство и ги има 14. Меѓу најпрофитабилните 10 се услужни компании. Секое од друштвата на листата подолу е посакувана дестинација за вработување затоа што важат за успешни компании кои освен што профитираат и добро се грижат за своите вработени
Потребен е профит поголем од 6 милиони евра за да се биде дел од елитното друштво на најпрофитабилни 30 домашни компании. Ова го покажа рангирањето на „Фактор“ на најуспешните друштва кои работат на домашниот пазар. Генерално на листата се етаблирани и познати компании кои се долго присутни и се активни чинители во домашната економија. Меѓу најпрофитабилните 9 се домашни поседувани компании, а меѓу нив 3 субјекти се целосно или доминантно поседувани од државата. Интересно е тоа што меѓу најусешните се две државни компани кои продаваат услуги т.е. организираат игри на среќа. Третата е јавната компанија задолжена да ја управува, одржува и гради патната инфраструктура.
Најуспешна компанија според остварениот профит е гигантот Џонсон Мети со добивка од речиси 80 милиони евра, која пак не е ниту 4 отсто од неговиот приход. Одличен сооднос профит/приходи имаат две дејности од кои едната е производна, а другата е услужна. Производната е рударството и кај оваа дејност на профит останува меѓу 23 отсто и 38 отсто од приходот. Банкарите сепак се попрофитабилни.
Повеќе детали во табелата...
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




