„Фактор анализа“: Кои се најпрофитабилните македонски компании за првите шест месеци?
Објавено во: Економија 04 Август, 2022 07:35
Очекувано, гигантите од енергетиката, фармацијата, телекомуникациите и металургијата имаат профити за шест месеци кои надминуваат 10 милиони евра! Секако после неприкосновените три најголеми домашни деловни банки...
Повеќе од 100 македонски компании чии акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност ги објавија своите финансиски извештаи за првите шест месеци годинава. „Фактор“ ги спореди извештаите на сите компании кои ги објавија финансиските податоци за работењето во првото полугодие годинава.
Очекувано на листата најуспешни се домашните гиганти од трговијата со нафтени деривати, фармацијата, телекомуникациите и металуригијата.
Годинава Македонски Телеком повлече нога и е најпрофитабилна компанија од почетокот на јануари до крајот на јуни годинава. И тоа за нијанса пред најголемата компанијата за трговија на големо со нафтени деривати ОКТА . Разбирливо во топ трите најпрофитабилни за овој период се најде и македонската фармацевтска гордост Алкалоид. Најголемата домашна челичарница Макстил се враќа на старите патеки и за шест месеци има добивка што е повисока од 10 милиони евра. Во особен залет годинава е Макпетрол затоа што годинава има голем скок на добивката. Во најуспешните очекувано се и Усје и прилепскиот Мермерен комбинат. Да се изразиме со спортски речник изненадување на полусезоната е малиот шпедитер Макошпед кој заради продажбата на недвижен имот заврши во друштвото со најголемите со неговата добивка од 3,2 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




