„Фактор“ анализа: Кои се најголемите македонски извозници во првите шест месеци?
Објавено во: Економија 22 Август, 2022 07:55
Конкурентноста на економијата секогаш и секаде се мери преку квантитетот и структурата на извозот. И секоја доктрина на економските власти како свој главен приоритет ги има поддршката и зајакнувањето на извозот и стимулации на извозно ориентираните компании. Многу добра вест за нашата економија, барем од јавно достапните и официјални податоци е тоа што во првото полугодие расте вредноста на извозот на најголемите девет компании – извознички меѓу повеќе од 100 компании чии акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност. Од 18 котирани друштва кои имаат извоз поголем од 2 милиони евра за шест месеци само 2 бележат позначајно намалување на извозната комонента, 2 се на речиси исто ниво како лани, а другите 14 бележат солидно зголемување на пласираните стоки на надворешни пазари
Македонските челичарници „газат“, а истото важи и за производителите на челични профили и цевки. Константен и важен придонес за македонската економија секако и годинава даваат „Алкалоид“ и „Реплек“, а значаен прогрес на извозната компонента во првото полугодие даваат винскиот гигант „Тиквеш“ и најголемата македонска прехранбена индустрија „Витаминка“. На листата на најголеми извозници меѓу над 100 компании чии акции котираат на нашата берза се и државниот Тутунски комбинат Прилеп, кондиторската индустрија „Европа“, „Ваб Тек“ и други домашни компании кои со своите резултати се вброија во листата најголеми извозници меѓу компаниите чии акции се тргуваат на берзата.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика вкупниот извоз за првото полугодие изнесува 4,07 милијарди евра,а со повеќе од 337 милиони евра во него учествуваат најголемите 18 извозници чии акции котираат на нашата берза.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




