26 Април, 2024
0.0269

„Фактор“ анализа: Кои се најголемите 100 компании во Македонија?

Објавено во: Економија 08 Август, 2022

Добивај вести на Viber

За тоа колку се значајни најголемите стотина компании за целиот економски амбиент во Македонија, сам за себе и повеќе од доволно, говори фактот што нивниот вкупен приход лани надминал 10,7 милијарди евра! Во најголемите 100 македонски компании најбројни се трговските фирми и ги има повеќе од четириесетина, а меѓу првите десет од стотината најголеми доминираат дејностите: енергетика, автомобилска индустрија, фармација и металургија! А кои се најпрофитабилни? Рударските компании – без конкуренција!

„Фактор“ изработи преглед на најголемите 100 домашни компании според официјалните податоци кои ги обработува Централниот регистар. Во оваа анализа се земени во предвид најважните и основни економски параметри: приходи, добивките и меѓусебниот сооднос на овие две величини како најзначаен катализатор за дефинирање на успешноста во работењето на секоја компанија.  

Македонскиот економски амбиент и лани го креираа најголемите фирми пред се од областитите на автомобилската индустрија и нивните супортери, компаниите од енергетските дејности (производители и трговци), рударските компании, металурзите, фармацевтите и провајдерите на телекомуникациски услуги.

Анализата на податоците покажува дека генерално најзастапена економска дејност, во најголемите 100 компании, е трговијата без разлика дали е трговија на големо или на мало ниту пак дали е трговија со струја, горива, тутунски производи, автомобили, лекови или стоки за широка потрошувачка. Повеќе од 40 компании на листата го имаат арибутот трговски фирми без разлика на стоките или услугите кои се нивна специјалност.

Државата на листата е вклучена преку девет компании, од кои четири се во нејзина целосна сопственост, а кај пет фирми е партнер на приватни инвеститори.

Најголема компанија во земјава е, без конкуренција, „Џонсон Мети“, еден од најголемите светски производители на катализаторски системи за автомобилската индустрија.

Во најголемите 10 бизниси во Македонија се домашните производители на  струја, на лекови и на никел. Освен нив тука се четирите најголеми трговци и тоа еден за трговија со струја, два за трговија со горива (трговија на големо и продажба на мало) и еден што оперира со најголемиот ланец супермаркети. Во групата најголеми, освен неприкосновениот „Џонсон Мети“ има уште еден провајдер на стоки за глобалната автомобилска индустрија. Во најголемите меѓу најголемите, очекувано, е  и домашниот универзален снабдувач со електрична енергија регулирана услужна дејност (кој по својот опис и дејност е предодреден да биде во најголемите десет фирми во земјава).

Во оваа прилика би издоиле уште и тоа дека половина од фирмите се целосно или доминантно поседувани од странски инвеститори, а другата половина се домашни компании или домашни филијали на странски фирми.

Во најголемите 30 компании пет на број се големите грин-филд инвестиции, кои за воља на вистината, ги донесе власта на Никола Груевски.




Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија