„Фајненшл тајмс“ пишува дека БиХ треба да се ослободи од сепаратистичкиот Додик пред да влезе во ЕУ
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2023 19:36
„Фајненшл тајмс“ пишува дека Босна и Херцеговина (БиХ) треба да се ослободи од лидерот на босанските Срби, Милорад Додик пред да влезе во Европската Унија(ЕУ).
Го нарекуваат српски сепаратистички лидер. Наведена е изјавата на високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, дека не може да замисли Додик и неговата придружба да одлучуваат за европските прашања.
„Не мислам само на неговото блиско политичко пријателство со Владимир Путин, туку и на неговото непредвидливо однесување“, рече Шмит.
Босна е една од двете земји што допрва треба да ги решат основните прашања за државноста. Втората е Косово, пишува ФТ.
БиХ помина најлошо во југословенските војни во 90-тите и оттогаш земјата е управувана со меѓународен мировен договор. Сè уште е оптоварена со криминал, корупција, сиромаштија и емиграција, пишува весникот.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко го пофали Додик и му упати писмо.„Претседателот на Република Српска Милорад Додик се грижи за својата татковина и народ и ги штити националните интереси и покрај надворешните притисоци“, се вели во писмото на претседателот на Белорусија.
Додик често се заканува дека Република Српска ќе се отцепи од БиХ.
Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка




