13 Мај, 2024
0.0238

Facebook воведува гласовни команди?

Објавено во: Стил 14 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Софтвер за препознавање и преведување на гласот наскоро во своите производи ќе вгради Facebook, а тоа може да биде и најава дека во иднина ќе ја контролираме популарната друштвена мрежа користејќи гласовни команди. -Технологијата за препознавање на гласот станува се поважна во мобилните уреди и во нивниот интерфејс, а оваа технологија ќе ни помогне во развојот на нашите производи за да ја следат оваа еволуција“ - објави шефот за производи на Facebook, Том Стоки. Facebook планираат во својот систем да го интегрираат и системот на Mobile Technologies за симултано преведување. Според претпоставиките овие чекори се почеток на воведувањето можност за управување на Facebook со гласовни команди, опција које ќе биде достапна за корисниците на глобално ниво.