ФАБРИКА ЗА ТЕСТЕНИНИ И ТАЕН НАСЛЕДНИК: Што се случи со 200.000 евра на папата Франциск?
Објавено во: Финансии 25 Април, 2025 07:40
Папата Франциско неколку дена пред смртта го посети затворот „Регина Чели“ во Рим и реши да донира се што остана на неговата лична сметка на оние кои, како што рече, „не смеат да се заборават“.
- Светиот Отец дојде уште еднаш да испрати силна порака до светот - дека и оние зад решетки заслужуваат достоинство. Им го даде последното нешто што го имаше - 200.000 евра од неговата лична сметка - изјави монсињор Бенони Амбарус, познат како Дон Бен, помошен епископ задолжен за затворите и добротворните активности.
Оваа донација е наменета за малолетничкиот затвор Казал дел Мармо, а конкретно - за фабриката за тестенини која работи во рамките на установата. Фабриката во моментов е оптоварена со големи долгови.
- Му кажав дека имаме огромна хипотека. Ако успееме да се исплатиме, можеме да ја намалиме цената на производот, да ја зголемиме продажбата и да вработиме повеќе млади мажи – изјави Амбарус, а пренесува Poslovni.hr.
За затворениците гестот на Папата не беше само финансиска помош, туку знак на надеж и признание.
– Папата им ги изми нозете, им ги отвори светите двери, јавно апелираше барем симболично да им се ублажат казните – но немаше одговор – додава монсињорот.
Италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ пишува дека папата на затворениците им дал се што оставил на сметката, потврдувајќи дека неговиот последен чин бил токму – подарок за оние кои светот најчесто ги игнорира, пренесува Poslovni.hr.
Бизпортал.рсМожеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




