18 Мај, 2025
0.0276

ОФИЦИЈАЛНО: Фабрика на Владата е преземена од бизнисмен од Василево

Објавено во: Економија 28 Април, 2025 17:49

Добивај вести на Viber

Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, која досега беше во сопственост на Владата на РСМ, од овој месец официјално има нов газда - „Трени Балцани Оццидентали“ од струмичко Василево на бизнисменот Ѓорге Трајанов.

Претходно беше прифатен планот за реорганизација поднесен до велешкиот суд за реорганизација и подмирување на доверителите, поднесен на 15 јануари годинава. Од Владата за „Фактор“ потврдија дека за промената на сопственоста немало потреба од купопродажен договор, туку дека до новото сопствеништвото доаѓа со исполнувањето на условот да се плати долгот кон УЈП како доверител.

„Ве информираме дека 1.700.000 евра долг, ќе го плати санаторот и плус камати околу 300.000 евра. Од овие средства, најмногу се долг кон УЈП околу 1.300.000, плус камата и има обврска во рок од три години да инвестира 10.000.000 евра, и да ги исплати сите заостанати долгови на вработените како плати и К-15 и отпремнина на пензионерите.

Важно е да се знае дека купопродажен договор нема,  затоа што не е класична продажба, туку е стечај со план за реорганизација, така што со ова се задржува дејноста на Друштвото. Претходно имаше повик за собирање понуди, објавено во дневните весници каде единствена понуда имаше од сегашниот санатор.

Воедно Ви посочуваме дека, Друштвото повеќе години е во лоша состојба, што беше доведено до степен на нефункционалност, со самиот факт што сметката му беше блокирана повеќе од 2 години, а машините се застарени и вонупотреба“, ни одговорија од Владата.

Трајанов минатата година во јуни својата фирма од Василево - „Стар Фоод“ ја преименува во „Стар Раил Транспорт&Логистицс“ со три подружници - една за производство на локомотиви и шини, втора за изградба на железници и трета за патен и товарен железнички транспорт. 

Во ноември 2024, нов содружник во Стар Раил Транспорт&Логистицс на Трајанов станува „Трени Балцани Оццидентали“, компанија формирана во 2023 во Тирана која сега има своја истоимена фирма со седиште во Василево. Покрај релативно анонимните сопственици од Тирана, во оваа компанија косопственик е Ситав С.П.А, позната компанија од Италија за одржување и реконструкција на брзи возови и локомотиви. Токму „Трени Балцани Оццидентали“ беше единствениот заинтересиран купувач на велешката фабрика.

Претходните влади со години префрлаа финансиска помош и бараа разни начини како да се продаде фабриката позната уште и под името „Колска“, која според податоците на Централен регистар во 2023 имала приходи од 40 милиони денари, загуба од 1,36 милиони денари и 61 регистриран работник. Основната главнина се вреднува на повеќе од 5 милиони евра.

Велешкиот суд на 21 јануари го прифатил предлогот за реорганизација на должникот. Управителот Стефан Амбарков, назначен од Влада со задолжување да ја отвори и заокружи предстечајната и стечајна постапка во фабриката, засега останува раководител.

Како што претходно објавија локалните велешки медиуми, Трајанов рекол дека нуди подмирување на обврските кон доверителите во висина од еден милион евра, поточно кон Управата за јавни приходи за неплатените придонеси на работниците, како најголем доверител , на три рати, заклучно со 31 декември 2027 година, како и кон поситни доверители, задржување на работа на 50-те работници со ветување за зголемување на бројот од најмалку 100 работници поради потребите на инвестицијата што планира да ја вложи од вкупно 10 милиони евра со намена за отворање на нов погон за производство на делови од „механика на возови“. Во Планот што Трајанов го понудил е напишано дека ја превзема и обврската за обештетување на пензионерите и понудил висина и динамика на планирани инвестиции.

„Колска“ е единствената фарбика во Македонија која работи на поправка и одржување на патничките и товарните вагони. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

„Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “

„Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “

ЕСЕНВА СТАРТУВААТ ГРАДЕЖИТЕ РАБОТИ ЗА ПРОЕКТОТ ГРАДСКИ ВОЗ - првата линија ќе стартува од Зелениково и ќе вози до центарот на Скопје

ЕСЕНВА СТАРТУВААТ ГРАДЕЖИТЕ РАБОТИ ЗА ПРОЕКТОТ ГРАДСКИ ВОЗ - првата линија ќе стартува од Зелениково и ќе вози до центарот на Скопје

ТУРСКАТА ШАХТЕРМ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА - објектот ќе надминува 13 илјади квадратни метри, еве ги деталите

ТУРСКАТА ШАХТЕРМ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА - објектот ќе надминува 13 илјади квадратни метри, еве ги деталите

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО СТАРМЕР Е ИСТОРИСКИ: Ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО СТАРМЕР Е ИСТОРИСКИ: Ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра

ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА: Вучиќ вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти

ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА: Вучиќ вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО ПРЕДЛОЖИ КАНДИДАТОТ ЗА ГУВЕРНЕР: Што доколку во рокот не се избере прв човек на Народната банка?

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО ПРЕДЛОЖИ КАНДИДАТОТ ЗА ГУВЕРНЕР: Што доколку во рокот не се избере прв човек на Народната банка?

БОЛИ ГЛАВА: Новиот функционер Богојески има криптовалути од над милион евра

БОЛИ ГЛАВА: Новиот функционер Богојески има криптовалути од над милион евра