ФАБРИКА НА УЖАСОТ: На деца им удираат чекани и електро шокови за да работат
Објавено во: Свет 08 Март, 2017
Во фабрика за фармерки во Индија, секогаш кога децата од осум години кои таму работат не си ги исполнуваат обврските, газдите ги удирале со чекани и електро шокови, пишува британски Метро.
Децата работеле и по 22 часа дневно, а ако заспијат или не сакаат да работат, тогаш шефовите ги затворале во тоалетите или ги оставале да гладуваат.
Децата на возраст од 8 до 13 години, ги спасил борецот за човекови права добитник на Нобелова награда, Каљаш Сатијарти.
Тие потекнуваат од северот нд Индија, а во Њу Делхи работеле 4 години.
Децата морале за 10 минути да спакуваат 10 пара фармерки, а она дете кое не успевало да ја заврши задачата, било казнувало со удари со чекан.
Кога биле спасени, некои од децата едвај стоеле, а други виделе светлина прв пат по неколку години.
„Кога ме извлекоа не можев да отворам очи затоа што не сум навикнат. Не ни даваа да се капеме и да одиме во тоалет“ - рече десет годишниот Лаки.
Секој ден децата пакувале по 5000 фармерки. По медицински прегледи, се покажало дека многу од нив имале повреди на челото, главата, стапалата, градите.