ЕВЗОНИ БИ МОЖЕЛ ДА СЕ ОТВОРИ НА КРАЈОТ НА МАЈ - но за да отидат туристи во Грција има многу услови
Објавено во: Балкан 12 Мај, 2020 14:21
Пиерија, Халкидики, Тасос, Епир, Споради и Јонските острови се најпопуларните туристички дестинации во Грција. Тие се посетени од неколку милиони туристи секоја година. Многу од нив, кои се блиски до Грција, често доаѓаат само за време на викендите.
Голем број фактори ќе влијаат на оваа туристичка сезона, а некои од нив се целосно непредвидливи. Грција се надева дека најблиските соседи ќе и ја спасат оваа туристичка сезона, а тоа се туристите од Балканот.
Доаѓањето на туристите од Балканот е условено со отворање на границите, но и со воспоставување на здравствени протоколи. Оваа година на плажите ќе мора да се запазува социјална дистанца, а посебно внимание ќе се посвети на чистење на сместувачките капацитети, пишува Б 92.
Според порталот „Олатесалоники“, грчката влада напорно работи на склучување билатерални договори, бидејќи, покрај Грција, границите се затворени и од соседните земји. Ако се оди според планот, граничните премини би можеле да почнат со работа веќе на крајот на мај.
Во писмениот предлог до владата, заменик-министерот за внатрешни работи Теодорос Караглу предложи отворање на 4 од 13-те гранични премини: една од границите со Турција, граничниот премин Промалгон, Евзони и Кристалопиги на грчко-албанската граница. Исто така, беше предложено здравствените тимови да извршат дваесет и четиричасовна контрола врз оние што влегуваат и ја напуштаат земјата (мерење на температурата во првата фаза).
„Очекуваме дека нашите балкански соседи ќе одат на одмор во своите автомобили. Но, прво мора да ги почекаме решенијата за отворање на границите и протоколите врз основа на кои ќе работат туристичката индустрија и здравствените инспекции“, рече градоначалникот на Халкидики, Стелиос Валианос. Тој додаде дека летните одморалишта како Уранополис, Јерисос и Амулијани очекуваат илјадници верници да се упатат кон Атос, како и можност за отворање на општинска клиника за корона во Арнаја, која ќе обезбеди и психолошка поддршка.
Претседателот на Панхеленската федерација на хотелиери, Григорис Тасиос, не изгледа премногу оптимист. Тој изјави дека иако луѓето од Балканот планираат да дојдат во Грција, тие мора да почекаат упатства за отворање на границите и утврдување на конечни здравствени протоколи. Тој верува дека дури и тогаш, нема да биде сигурно дали туристите ќе можат да доаѓаат, бидејќи останува да се види дали пропишаните мерки воопшто можат да се користат во пракса.
Отворањето на границите нема да биде тежок процес, но истото не може да се каже за влез на туристи во земјава.
„Има голем број прашања што треба да се решат пред да дозволиме голем број на луѓе кои биле во областите погодени од вирусот да влезат во земјата“, рече тој.
Податоците покажуваат дека голем број туристички агенции од Балканот откажале организирани патувања. Освен туристите кои доаѓаат преку агенции, во Грција се очекува да доаѓаат и илјадници Бугари, Срби, Македонци, Романци и Турци, бидејќи голем број од нив во изминатиот период купиле куќи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





