16 Мај, 2025
0.0307

ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОЧНА СО РАБОТА: Мецола старо-нова претседателка, револт меѓу европратениците по патувањата на Орбан

Објавено во: Свет 16 Јули, 2024 13:39

Добивај вести на Viber

Мнозинството пратеници во Европскиот парламент ја изгласаа малтешката политичарка, Роберта Мецола повторно за претседателка, со што таа добива нов мандат од две и пол години на чело на Европскиот парламент, а со тоа Мецола станува ново стара претседателка.

Неа ја поддржаа не само членовите на владејачката коалиција, која ја сочинуваат пратеници од Народната партија, социјалдемократите и либералите, туку и голем дел од конзервативците предводени од италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Потпретседателската функција, како и одредени комисии, бараат и членови на новопромовираната десничарска група Патриоти за Европа, но владејачкото мнозинство го најавува таканаречениот санитарен кордон, односно ќе спречи ултра - десничари од стекнување на влијателни позиции во парламентот.

Конститутивната седница на ЕП продолжува во среда, со дебата на пратениците со Шарл Мишел, а пред се за таканаречената мировна мисија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, за која се вели дека се врши еднострано во име на ЕУ.

Првите чекори во таа насока се веќе иницирани, па Европската комисија одлучи да не испраќа комесари на состаноци во Унгарија, а неофицијално се шпекулира дека Жозеп Борел планира да закаже средби во друга земја за време на унгарското претседателство.

Во четврток е планирана дебата со Урсула фон дер Лајен и гласање за нејзината кандидатура за нов мандат на чело на Европската комисија.

Членовите на Европскиот парламент побараа да и се одземе правото на глас на Унгарија во ЕУ поради патувањата на премиерот на таа држава во Русија и Кина, објави „Политико“.

Во писмото добиено од уредниците на публикацијата, 63 европратеници им се обраќаат на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

Во него тие пишуваат дека унгарскиот премиер Виктор Орбан „веќе нанел значителна штета користејќи и злоупотребувајќи ја улогата на претседавањето со ЕУ“.

Унгарија го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ од Белгија на 1 јули. Оттогаш, Орбан презема соло „мировни мисии“ во Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон и, без да биде овластен да го стори тоа, тврди дека ја претставува ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

МЕДИНСКИ ДО ЗАПАДОТ: Русите секогаш си доаѓаат по своето

МЕДИНСКИ ДО ЗАПАДОТ: Русите секогаш си доаѓаат по своето

ОТКАКО ПУТИН НЕ ПРИФАТИ ПРИМИРЈЕ: Макрон најави дека ќе има заеднички одговор

ОТКАКО ПУТИН НЕ ПРИФАТИ ПРИМИРЈЕ: Макрон најави дека ќе има заеднички одговор

(ВИДЕО) ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ КАКО БЕБИЊА: Ова видео ги насмеа политичарите во Тирана

(ВИДЕО) ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ КАКО БЕБИЊА: Ова видео ги насмеа политичарите во Тирана

(ВИДЕО) УМЕРОВ: Наскоро e можна голема размена на затвореници меѓу Украина и Русија

(ВИДЕО) УМЕРОВ: Наскоро e можна голема размена на затвореници меѓу Украина и Русија

НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА АМЕРИКАНСКА КОМПАНИЈА ПРЕД КОЛАПС, ПОД ФЕДЕРАЛНА ИСТРАГА ЗА ИЗМАМА: Директорот поднесе оставка, сопственикот е убиен пред неколку месеци

НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА АМЕРИКАНСКА КОМПАНИЈА ПРЕД КОЛАПС, ПОД ФЕДЕРАЛНА ИСТРАГА ЗА ИЗМАМА: Директорот поднесе оставка, сопственикот е убиен пред неколку месеци

БРИТАНИЈА ВО ЕУ ПОВТОРНО? „Тоа ќе биде членство во ЕУ 2.0“

БРИТАНИЈА ВО ЕУ ПОВТОРНО? „Тоа ќе биде членство во ЕУ 2.0“

„ЗЕЛЕНСКИ БЕШЕ ПОДГОТВЕН ДА СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН, НО ТОЈ НЕ СЕ ПОЈАВИ“: Фон дер Лајен за преговорите и претседателот на Русија

„ЗЕЛЕНСКИ БЕШЕ ПОДГОТВЕН ДА СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН, НО ТОЈ НЕ СЕ ПОЈАВИ“: Фон дер Лајен за преговорите и претседателот на Русија

Уапсен Украинец кој подметнувал пожари на имотот на Стармер

Уапсен Украинец кој подметнувал пожари на имотот на Стармер

МАРКО РУБИО СЛЕТА ВО ИСТАНБУЛ – СОСТАНОК МЕЃУ САД, ТУРЦИЈА И УКРАИНА: Директни преговори меѓу Русија и Украина нема

МАРКО РУБИО СЛЕТА ВО ИСТАНБУЛ – СОСТАНОК МЕЃУ САД, ТУРЦИЈА И УКРАИНА: Директни преговори меѓу Русија и Украина нема