ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА ВО СКОПЈЕ: Се одржува Министерскиот совет на ОБСЕ (ГАЛЕРИЈА)
Објавено во: Македонија, Галерија 30 Ноември, 2023
На состанокот е присутен и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Дел од министрите и шефови на делегации на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје го бојкотирале говорот на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Во знак на бојкот, тие излегле од салата.
Лавров денеска изјави дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е пред колапс и дека Западот ги убива шансите за заживување на таа организација.
ФОТО: Вангел Тануровски