Европската Комисија не го прифати барањето на Бујар Османи
Објавено во: Македонија 20 Март, 2020 13:38
Европската Комисија не ги прифаќа барањата за земјите од Западен Балкан привремено да ја отстрани авторизација на извоз на медицинска заштитна опрема од ЕУ и покрај тоа националните влади од регионот побараа ваква вонредна мерка за време додека трае борбата со епидемијата на корона вирусот.
ЕУ останува на ставот дека средствата за лична ззаштита поради недостатокот со кој се соочуваат земјите членки нема да се извезуваат надвор од Унијата.
- Побаравме и да бидеме исклучени од рестрикциите кои ги најави Европската Комисија за заштита на стабилноста на единствениот европски пазар а кои што се однесуваат најмногу на медицинска опрема и средства за работа, рече вчера Бујар Османи, вицепрмиерот за евроинтеграции.
„Ова е привремена мерка и не е забрана за извоз. Целосно во согласност со обврските на ЕУ, со оглед на еволутивната природа на ситуацијата, Европската Комисија ревидираше неколку аспекти за да се исполнат целите“, нагласи денеска портпаролот Даниел Росарио.
Во моментов заштитна опрема од земјите од ЕУ можат да купуваат Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија, Фарските Острови , Андора, Сан Марино и Ватикан, но не и земјите од Западен Балкан.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




