26 Април, 2024
0.0283

Европска поддршка на КИФ за поголема интернационализација на регионот

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во Тирана, во рамките на активностите за време на ЦЕФТА-Неделата, на 18.12.2019 година официјално беше потпишан Договор со Европската унија за грант за тригодишниот проект за подигнување на конкурентноста на стопанството од регионот, кој ќе го имплементира Коморскиот инвестициски форум (КИФ), а за којшто Европската унија издвои 2,5 милиони евра.

Една од основните цели на проектот ќе биде зајакнувањето на меѓусебната соработка на компаниите од регионот, но и зајакнување на нивните капацитети за да ја продлабочуваат соработката со компании од трети земји, што треба да доведе до потпишување договори вредни околу 50 милиони евра. Истовремено, анализите укажуваат дека овој проект ќе придонесе до 2022 година БДП по глава на жител во регионот да порасне од сегашното ниво од една третина на просекот на ЕУ, до 40% од просекот во Унијата. При тоа, проектираните цели на проектот се увозот и извозот на стоки и услуги да пораснат на 57%, односно на 70% од регионалниот БДП, а меѓусебната размена во рамките на регионот да порасне од постојните 4,5 милијарди на 6,6 милијарди евра.

ЕВРОПСКА ПОДДРШКА НА КИФ ЗА ПОГОЛЕМА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА РЕГИОНОТПреку проектот, Европската унија обезбедува директна поддршка за зајакнувањето на капацитетите на коморите - основачи на Коморскиот инвестициски форум, со тоа што ќе можат на компаниите да им понудат подобрени услуги и полесен пристап до пазарите на Европската унија. Во рамките на овој проект, околу 200 компании од регионот ќе можат да се поврзат и да склучат договори за билатерална соработка на деловните средби организирани од КИФ, повеќе од 60 компании ќе добијат поддршка да влезат во меѓународните синџири за добавување, а исто толку компании заеднички ќе настапат на три големи меѓународни саеми. Планирани се и три големи инвестициски конференции за промоција на регионот и на успешните бизнис приказни од регионот пред странските инвеститори. Дополнително, околу 20 компании ќе можат да добијат техничка помош во подготовката на проектите при аплицирањето за средства од програмите и фондовите на ЕУ, како што се „Хоризонт 2020“, „КОСМЕ“ или „Креативна Европа“. Стопанствениците на располагање ќе имаат „онлајн“ бази на податоци со квалитетни информации за одделни странски пазари, како и специјално креирани информации за нивните потреби, а ќе се организираат и инфо-денови, семинари и работилници на коишто стопанствениците ќе се едуцираат за придобивките кои ги носи регионалната економска област и ќе добијат совети како да ја зајакнат меѓусебната регионална соработка и да го интернационализираат своето работење. 

Во рамките на проектните активности, меѓу другото, на стопанствениците ќе им се стават на располагање „онлајн“ бази на податоци со квалитетни информации за одделни странски пазари, како и специјално креирани информации за нивните потреби, а ќе се организираат и инфо-денови, семинари и работилници на кои стопанствениците ќе се едуцираат за придобивките кои ги носи регионалната економска област и ќе добијат совети како да ја зајакнат меѓусебната регионална соработка и да го интернационализираат своето работење.

Д-р Татјана Штерјова


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“