14 Декември, 2025
0.0304

ЕВЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ: Бесими ги соопшти деталите

Објавено во: Економија, Финансии, Македонија 26 Септември, 2023 06:19

Добивај вести на Viber

Средствата  од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими. 

Законот за данок на солидарност, како што рече вечерва во гостување на ТВ 24, е објавен во Службен весник заедно со Правилникот, а од УЈП има известување на нивната веб страница.

- Има соодветно известување и тоа треба да се спроведе. Законската обврска е јасна. Пролонгиран е рокот за доставување на обрасците за седум дена. Законот се однесува на посебен данок и е надвор од даночниот систем, еднократен е и различен од другите давачки кај нас, односно се одредува дека средствата што ќе се соберат од оваа јавна давачка ќе одат само за програма П1 што е во Буџетот за антикризни мерки. Се утврдува точно методологијата на пресметка и не се основа со даночната пријава, туку е посебен документ, појасни Бесими.

Повтори дека ќе има антикризни мерки и оти еден дел се 100 милиони евра од ЕИБ, а за 50 милиони евра во ноември ќе одлучува Банката за развој на Советот на Европа.

Министерот најави дека задутре ќе се објави прв проспект за прва зелена еврообврзница во вредност од 10 милиони евра.

- Ќе има зелена обврзница која е во фондот за енергетска ефикасност, во среда ќе се објави проспектот. Наредната недела ќе има аукција за дополнителнни 10 милиони евра за енергетска ефикасност за мали и средни претпријатија. Дополнителни 600 милиони денари даваме за домашни компании за договори што се потпишани во Владата за инвестиции, како и дополнителни 200 милиони денари за странски фирми што инвестираат кај нас и 300 милиони денари во ТИРЗ, најави министерот за финансии.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година