ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ДЕВОЧЕТО КОЕ БИЛО ЗАРОБЕНО ОД ТАТКОТО МОНСТРУМ: Лекарите плачеле во болница обидувајќи се да го повратат во живот
Објавено во: Балкан 27 Март, 2023 22:14
Осумгодишното девојче,
чиј татко Урош П. (38) до пред три дена ја држел заробена во станот, односно во
кадата, било во алармантно тешка здравствена состојба кога полицијата ја
пронашла.
Како што дознаваат српските медиуми, по пристигнувањето во болница, детето било дехидрирано, гладно и целосно запуштено, па кога го виделе дежурните лекари, сите заплакале!
Според информациите, грижата за девојчето ја презела Детскиот прифатен центар, откако била примена во болница кога полицијата ја нашла заклучена во станот во кој живеела со нејзиниот татко.
- Во станот била со нејзиниот татко, кој повремено и давал храна. По пристигнувањето во болница, девојчето било многу лошо, дехидрирано и неухрането. Кога докторите и дозволија да јаде, изгледаше како да не јадела ништо со месеци. Да останеше во таа состојба уште пет дена, прашање е дали ќе преживее - вели извор запознаен со случајот.
Како што дознава Курир, девојчето било примено на гастроентеролошкиот оддел во Тиршова.
-Најголемиот проблем е неухранетоста. Докторите буквално и даваат најситни делчиња храна за да почне полека да ја прима и да ја вари храната. Страшно е колку мала изгледа. Лекарите даваат се од себе да ја вратат што побрзо - вели извор на Курир.рс.
Грозоморниот случај на злоупотреба на девојчето е откриен кога белграѓанка пријавила во полициската станица Палилула дека сопругот У.П. брутално ја претепал, како и тоа дека долго време ја држел ќерка си како робинка.
ФОТО: MUPМожеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




