ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА СМЕНИМЕ И ВО КОИ УЧЕБНИЦИ ПО ИСТОРИЈА, препораки од Комисијата
Објавено во: Македонија 15 Август, 2022 13:28
Комисијата за историско-oбразовни прашања, согласно потпишаниот Протокол со Бугарија, денеска заедно со Министерството за надворешни работи ги објави препораките за пет измени за предметот историја за 5 клас во Бугарија, како и исто толку бугарски препораки за 6 одделение за Македонија за античкиот период.
„Фактор“ целосно ги пренесува препораките:
Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Северна Македонија
Заедничката комисија ги разгледа и анализира учебниците по историја за 5-ти клас на Република Бугарија и учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија и констатира извесни недостатоци односно можности за подобрување. Со оглед на тоа, се препорачува избегнување на:
- неосновани историографски сугестии за античката историја,
- недостатоци во историската географија при користење на картите коишто не соодветствуваат со конкретното историско време и контекст,
- фактографски непрецизности.
Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија:
1. Вклучување на поширокиот регионален контекст, особено на териториите на запад од древна Тракија, ќе ги претстави посодржински историските процеси и ќе создаде побогата слика за културно-историското наследство во регионот.
2. Заради поголема терминолошка прецизност поими како „денешни бугарски земји“, или „територијата на современа Бугарија“, може да бидат посоодветни за употреба во контекст на античката историја, наместо само изразот „бугарски земји“.
3. Предлагаме повнимателно датирање на појавата на тракиската култура во антиката.
4. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (на пример Дарданците).
5. Историските карти треба да се користат согласно со историскиот контекст и поставените методски цели.
Препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија:
1. Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот.
2. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам.
3. Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Северна Македонија се неосновани.
4. Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку соодветствуваат на конкретен временски период.
5. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (како на пример, Пајонците, Дарданците, Мигдонците).
Можеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




