24 Октомври, 2024
0.0264

ЕВЕ КОЛКУ ПЕНЗИОНЕРИ ДОБИВААТ НАЈВИСОКА ПЕНЗИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – исчезнуваат воените и земјоделските пензионери

Објавено во: Финансии, Македонија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Податоците на Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека бројот на пензионери во месец март годинава достигнал 338.336 лица. Пиртоа најголем дел од нив се пензионери кои се стекнале со пензија по основ на години, поточно добиле старосна пензија и тоа по работен стаж.

Бројките говорат дека иако има раст на бројот на пензионери во нашата земја, имаме се помалку приматели на земјоделска и воена пензија.

Пензиите во нашата земја се поделени во пет категории. Имаме семејна пензија чиј просек изнесува 16.707 денари, потоа инвалидска пензија со просечна пензија од 18.818 денари. Старосната пензија достигнува просек од 22.826 денари, додека земјоделската просечно изнесува 10.991 денари. Воената пензија има највисок просек од 29.943 денари.

Податоците на Министерството за труд и социјална политика откриваат дека во Македонија има 2,861 лице кои примаат пензија поголема од 57.487 денари, и најголем дел од нив или 2,758 својата пензија ја стекнале со влегување во законски утврдените рокови за пензионирање при што добиваат старосна пензија.

Семејна пензија со висина над 57 илјади добиваат и 74 лица, додека пак, 29 лица добиваат инвалидска пензија која ја наминува споменатата сума и спаѓаат во категоријата приматели на најголеми пензии.

Иако во Македонија од година во година има се повеќе пензионери, бројките покажуваат дека имаме се помалку приматели на земјоделска и воена пензија. Бројките кои ги објави Државниот завод за статистика говорат дека за период од пет години во земајва бројот на пензионери се зголемил за 20.536 приматели на пензија. Па така ако во 2018 година имало 317.278 пензионери, во 2023 година пораснале на 337.814.

Сепак, и покрај растот на вкупниот број на пензионери има значително намалување на бројот на пензионери кои се приматели на земјоделската и воената пензија. Исто така бројките говорат дека се намалил бројот и на приматели на семејната и на инвалидската пензија. За разлика од овие категории кај категоријата старосна пензија се најголем дел од пензионерите и тука бројките се значително зголемени. Па од 204.455 приматели во 2018 година, бројот на приматели на старосна пензија се зголемил на 235.957 лица.

Согласно податоците на МТСП, во март имало само 43 земјоделски пензии, кои достигнуваат до само 13,192 денари.

Но, се намалил и бројот на приматели на воена пензија и тоа на 770 приматели, но тука веќе има многу повеќе категории, па има еден примател со најниска пензија од 13 илјади денари, па 30 со пензија меѓу 16.910 и 22.500 денари. Додека 442 пензионери, или најголем дел од примателите на воена пензија примаат од 22.501 до 36.614 денари. Останатите 297 приматели на воена пензија добиваат меѓу 36.615 и 57.481 денари пензија.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - надминавме 41 илјади денари, најголем раст има во образовнието и уметноста, еве ги деталите

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - надминавме 41 илјади денари, најголем раст има во образовнието и уметноста, еве ги деталите

ВТОР БАНКРОТ НА БАНКА ВО 2024 ГОДИНА - во опасност повеќе од шест милијарди долари имот на граѓаните

ВТОР БАНКРОТ НА БАНКА ВО 2024 ГОДИНА - во опасност повеќе од шест милијарди долари имот на граѓаните

ДОМАЌИНСТВАТА КАСКААТ СО ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИТЕ, ПОТРОШУВАЧКИТЕ НАЈРИЗИЧНИ: благ раст на нефункционалните заеми

ДОМАЌИНСТВАТА КАСКААТ СО ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИТЕ, ПОТРОШУВАЧКИТЕ НАЈРИЗИЧНИ: благ раст на нефункционалните заеми

РАСТ НА БИТКОИНОТ: Наскоро би можел да го надмине рекордот од март оваа година

РАСТ НА БИТКОИНОТ: Наскоро би можел да го надмине рекордот од март оваа година

ОД ПОЛИТИКАТА ВО БИЗНИС СЕКТОРОТ: Фатмир Бесими основа компанија која ќе ги учи директорите како да станат способни лидери

ОД ПОЛИТИКАТА ВО БИЗНИС СЕКТОРОТ: Фатмир Бесими основа компанија која ќе ги учи директорите како да станат способни лидери

СЛУЧАЈНО ФРЛИЛ ДИСК НА КОЈ ИМАЛО 8 ИЛЈАДИ БИТКОИНИ ВРЕДЕН ПОЛА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Сега го тужи градот, не му даваат да ја ископа депонијата

СЛУЧАЈНО ФРЛИЛ ДИСК НА КОЈ ИМАЛО 8 ИЛЈАДИ БИТКОИНИ ВРЕДЕН ПОЛА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Сега го тужи градот, не му даваат да ја ископа депонијата

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА КРЕДИТ ОД 18- ИЛЈАДИ ЕВРА: Балканец се обидел да купи стан во Германија

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА КРЕДИТ ОД 18- ИЛЈАДИ ЕВРА: Балканец се обидел да купи стан во Германија

ОВДЕ ЗА КИРИЈА СЕ ПЛАЌА ОД 1.000 ДО 3.800 ЕВРА: Ова се сите убави градови на Европа за кои ви треба длабок џеб

ОВДЕ ЗА КИРИЈА СЕ ПЛАЌА ОД 1.000 ДО 3.800 ЕВРА: Ова се сите убави градови на Европа за кои ви треба длабок џеб

АКО ПЛАНИРАТЕ СКИЈАЊЕ НА СРПСКИТЕ ПЛАНИНИ ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ПЛАТИТЕ: објавени цените на најпознатите српски скијалишта

АКО ПЛАНИРАТЕ СКИЈАЊЕ НА СРПСКИТЕ ПЛАНИНИ ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ПЛАТИТЕ: објавени цените на најпознатите српски скијалишта