28 Април, 2024
0.0185

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ВЧЕРА ЗАРАБОТИЈА ХРВАТСКА И МАРОКО - денешните финалисти Франција и Аргентина ќе „лапнат“ уште повеќе

Објавено во: Спорт 18 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Успешниот настап на Светското првенство во Катар и освоениот бронзен медал на хрватската фудбалска репрезентација ѝ донесоа заработка од 51,5 милиони евра.

Ова е втор Мундијал по ред во кој Хрватска се искачи на пиедесталот, и по среброто на завршниот турнир 2018 во Русија заврши третопласирана во Катар совладувајќи го вчера Мароко во малото финале со 2 -1.

Само оваа победа на Фудбалската федерација на Хрватска ѝ донесе заработка од 26 милиони евра, додека Мароко за четвртото место ќе инкасира дополнителни 24 милиони евра.

Второпласираната репрезентација на СП ќе инкасира 30 милиони евра, додека светскиот првак ќе заработи 40 милиони евра.

Финалето на Мундијалот 2022 меѓу актуелниот светски првак Франција и Аргентина е на програмата попладнево од 16 часот во Лусаил.

Можеби ќе ве интересира

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата