ЕВЕ КОЛКАВИ НАДОМЕСТОЦИ ЌЕ ЗЕМААТ ЧЛЕНОВИТЕ НА НАДЗОРЕН ОДБОР - Стопанска банка Скопје ги утврди износите
Објавено во: Финансии 18 Јуни, 2024 12:35
Откако минатата недела беа именувани нови членови на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија на Стопанска банка Скопје, денеска се одредени и нивните годишни надоместоци.
За нив ќе се гласа на Собранието на акционери кое ќе се одржи на 16 јули, но со оглед што најголем и доминантен акционер на Стопанска банка Скопје е Националната банка на Грција, лочично е да се очекува дека овие одлуки ќе бидат усвоени.
А,Стопанска банка Скопје одлучи и транспарентно да ги сподели со овдешната инвеститорска јавност.
Па така, претседателот на Надзорниот одбор ќе добива вкупен годишен нето износ од 20.000 евра, што значи дека тој месечно би имал 1.666 евра во нето износ.
За позицијата член на Надзорен одбор кој истовремено е претседател на одбор оформен од страна на Надзорниот одбор се предвидува вкупен годишен нето износ од 12.000 евра или по 1.000 евра месечно, додека, пак, за позицијата член на Надзорен одбор ќе се утврди вкупен годишен нето износ од 10.000 евра.
Како што веќе објави Фактор пред околу две недели, Стопанска банка Скопје ќе има нов Надзорен одбор. Овој висок орган на банката донел одлука на 16 јули да се одржи Собрание на акционери, а на него ќе се носат одлуки за именување на четири нови членови на Надзорниот одбор.
Станува збор за Димитра Доима, Георгиос Тагарис, Јиули Толиа, Панајотис Карандреас.
Димитра Доима е заменик генерален директор за финансиско планирање и управување со перформансите на Национална банка на Грција. Нејзиниот мандат, како и на другите членови на Надзорниот одбор ќе биде четири години. Одлуките за нивното именување, пакј, ќе стапат на сила на денот на добивањето на согласност за именување на член на надзорен одбор од Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија.
Георгиос Тагарис, пак, е Заменик Генерален Директор за Управување со финансиски ризици на Национална банка на Грција. Јиули Толиа, пак, е Директорка на Канцеларијата за проектен менаџмент на ИТ и ИТ менаџмент, додека, пак, Панајотис Карандреас, е Директор на Сектор за меѓународни активности на Национална банка на Грција.
Исто така, Собранието на акционери на Стопанска банка Скопје на 16 јули ќе го определи и износот на надомест за работата на членовите на Одборот за ревизија, и тоа за позицијата Претседател на Одборот за ревизија вкупен годишен нето износ од 6.000 евра, а за позицијата член на Одборот за ревизија: вкупен годишен нето износ од 4.000 евра.Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




