ЕВЕ КОЈ ЌЕ СЕ БОРИ СО КОРУПЦИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА: Избрани новите членови на ДКСК
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2023 08:50
Ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во антикорупциската комисија Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова Медарска и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ се предложени за нови членови на комисијата за борба со корупцијата.
Овие личности по тридневно јавно интервјуирање ги изгласа комисијата за избор на ДКСК. Ранг листата со нивните бодувања беше објавена пред полноќ. За да станат членови на ДКСК нив потоа треба да ги изгласаат пратениците на пленарна седница.
Претседател во следните пет години ќе биде Димитровска. Таа 19 години работи во Државниот завод за ревизија, а од пред две години е помошник на главниот ревизор, меѓу другото, како што рече и за ревизија на политички партии, ДКСК, АВМУ, ДИК и други.
За членови на антикорупциската комисија беа пријавени 41 кандидат. Од нив дел ревизори, вработени во Државната комисија за спречување корупција, во други владини и јавни установи, судии, обвинители…
Јавното интервјуирање траеше три дена. Во четвртокот, петокот и саботата кандидатите ги испрашуваше комисијата за избор, пратениците и претставници на граѓанскиот сектор. Во комисијата членуваа пратениците од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ, од Демократско движење, како и Јован Андоновски како претставник на Народниот правобранител и претставниците на Советот за соработката меѓу невладините организации и Владата Снежана Камиловска Трповска и Никола Додов.
Ова е втор пат комисијата да се бира на ваков начин, преку јавни интервјуа кои одложено се емитуваат на собранискиот канал.
ЕВЕ КОЈ ЌЕ СЕ БОРИ СО КОРУПЦИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА: Избрани новите членови на ДКСК
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




