ЕВЕ КАКО СЕ ПРОВЕРУВАШЕ БЕЗБЕДНОСТА НА МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“: Гаревски на лице место-граѓани советуваат, мостот да се оптерети максимално!
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2023 07:59
Проф.др.Михаил Гаревски, директор на институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, беше во проверка на безбедноста на мостот „Беласица“, кој неодамна беше опожарен кај Ист гејт.
Според него, сѐ уште се потребни детални анализи за да се знае дели му е нарушена стабилноста на мостот.
Тој на својот Фејсбук профил, објави фотографија од под мостот и напиша „На лице место“.
Многубројни граѓани се присетуваат на времето кога мостот „Гоце Делчев“ бил тестиран за издржливост. Тоа, според граѓаните се правело со голем број шлепери натоварени со песок.
-Не така Гаре. Се знае како-како нашите професори. Ќе го натовариш со максимум проект оптеретување (дваесетина шлепери) и ќе се качиш на мостот. 5 минути, не треба повеќе!, гласи еден од коментарите.
Друг пак вели дека се сеќава на техничкиот прием на мостот Гоце Делчев. Повеќе од дваесет шлепери полни со песок и со вклучени мотори (тресење) го оптеретуваа мостот.
Каква ќе биде иднината на мостот, останува да видиме.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




