ЕВЕ КАКО РАБОТЕЛЕ ФИРМИТЕ ЧИИ ГРАДЕЖНИ ЛИЦЕНЦИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОДЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ - 49 од нив имаат актуелни договори за јавни набавки
Објавено во: Економија 24 Април, 2025 11:41
Од Центарот за граѓански комуникации објавуваат анализа за фирмите коишто се на списокот што го објави Министерството за транспорт и врски за одземање на нивните лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање, а по спроведените контроли и трагичниот настан во Кочани.
Истражувањето открива дека:
- Лиценци ќе им се одземат на 426 фирми, бидејќи од 479-те фирми на списокот има некои што се повторуваат, а други на коишто им се одземаат по неколку лиценци.
- На фирмите ќе им се одземаат 11 различни видови лиценци, а вкупно ќе бидат одземени 471 лиценца.
- За најголем дел од фирмите, лиценците што ќе им се одземат не се услов за фирмите да работат и да добиваат државни тендери.
- Во моментов, само 49 од фирмите што се на листата за одземање лиценци имаат актуелни договори за јавни набавки во вкупна вредност од 26 милиони евра.
- Сепак, само 23 фирми кои имаат важечки договор за јавна набавка всушност ќе ја загубат лиценцата којашто била услов за добивање на тендерот. Овие фирми имаат вкупно 58 договори за јавна набавка, чија вкупна вредност изнесува 14 милиони евра.
- Од сите фирми на списокот, 101 има добиено тендер во последните три години, во вкупна вредност од 77 милиони евра.
- 28 % од фирмите за одземање лиценца се со блокирана сметка или се правно или деловно неактивни, а останатите фирми се активни.
- Приходи оствариле 85 % од фирмите во вкупна годишна вредност од 128 милиони евра (за 2023 година која е последната година за којашто има објавено податоци).
- Најголем дел од фирмите остваруваат ниски годишни приходи. Секоја трета (31 %) од фирмите има годишен приход помал од 15 илјади евра, додека приходи поголеми од 1 милион евра имаат само 33 фирми, односно 8 %.
- Во сите овие фирми работат 2188 луѓе. 4 % од овие фирми немаат вработен, а 3 % имаат само еден вработен. Со повеќе од 10 вработени се само 3 % од фирмите.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




