12 Мај, 2024
0.6022

Еве каде светските лидери ќе летуваат

Објавено во: Стил 14 Август, 2013

Добивај вести на Viber

По еден тон работа и светските лидери одлучија да си дадат одмор. Некои  од нив одбраа да одмараат на Сибир, други во Португалија..еве кој каде и со кого се релаксира летово. Претседателот на САД, Барак Обама веќе е на островот Мартас Винјард каде одмара со семејството секоја година. Тој живее во куќа со 6 спални која вреди 7.6 милиони долари, пишува весникот „Фигаро“.  Обама ќе биде на островот до 18-ти август. Британскиот премиер Дејвид Камерон си дозволи четири одмори. На крајот на јули тој беше со своето семејство во Португалија, откако во мај ја одведе жената на Ибица. Во август Камерон ќе одмара уште два пати во Корнвол и во Шкотска. Вистинска атракција стана одморот на Рускиот претседател Владимир Путин кој на  крајот на јули го снимија на брод покрај премиерот Дмитриј Медведев, како се капат во пустите области на Сибир. Најмногу се прослави сликата на која Путин држи фатена од него штука со тежина 21 кг. Ангела Меркел пак се одмора 18 дена. Голем дел од нив ги поминува во Сулден во Италијанските Алпи заедно со нејзиниот сопруг. Во Шпанија премиерот Маријано Рахој ќе одмара во вила во својата родна Галиција во северниот дел на земјата. Таму Рахој ќе остане две недели со семејството. Францускиот претседател Франсоа Оланд за својот одмор ја избра резиденцијата „Лантерн“ крај дворецот Версај која има базен и тениско игралиште. Сепак италијанскиот премиер Енрико Лета нема да почива. Поради компликуваната политичка ситуација во Италија, тој плановите за семеен одмор на јадранското крајбрежје ги одложи за следната година.